Српска пејачка со исповед: „Татко ми бил прогласен за мртов и однесен во мртовечница - некој таму слушнал дека е жив“

„Претпоставувам дека пријателот на тато кој возел заспал, не ги знам точните детали, но тато излетал од колата 20m. Тоа ни го кажа мама. После тоа, го одвеле во Нови Сад и таму тато бил прогласен за мртов“ - раскажува пејачката со македонско потекло, Надица Адемов, за необичната животна ситуација.

srpska-pejachka-so-ispoved-tatko-mi-bil-proglasen-za-mrtov-i-odnesen-vo-mrtovechnica-srekja-shto-nekoj-tamu-slushnal-deka-e-zhiv-01.jpg

Надица Адемов, српската пејачка која е родена во Скопје, пораснала во Белград со родителите и двајца браќа.

Бидејќи мајка ѝ и татко ѝ продавале на пазар, а неа немало кој да ја чува, често ја земале со себе, па им помагала колку што можела.

И покрај тоа што детството ѝ било тешко, таа во емисијата „На терапијата со Славица Ѓукиќ Дејановиќ“, рекла дека никогаш не ѝ недостасувала љубов и внимание во семејството, ни на неа, ни на браќата.

srpska-pejachka-so-ispoved-tatko-mi-bil-proglasen-za-mrtov-i-odnesen-vo-mrtovechnica-srekja-shto-nekoj-tamu-slushnal-deka-e-zhiv-08.jpg

Надица во емисијата раскажала дека татко ѝ секогаш бил важна машка фигура во нејзиниот живот, но дека долго време околу него се „плетела“ приказна, која таа како мало дете не ја разбирала.

Дури кога пораснала, родителите ѝ објасниле дека татко и доживеал сообраќајна несреќа во која бил прогласен за мртов и бил однесен во мртовечница, но еден од вработените во мртовечницата слушнал повици за помош и сфатил дека е жив.

srpska-pejachka-so-ispoved-tatko-mi-bil-proglasen-za-mrtov-i-odnesen-vo-mrtovechnica-srekja-shto-nekoj-tamu-slushnal-deka-e-zhiv-04.jpg

За неверојатната ситуација во која се нашол татко ѝ, Надица вели:

„Беше многу тешко. Бевме мали, јас имав 2 години, мојот брат имаше 3. Не можам ни да се сетам на многу од тие моменти, бевме навистина мали, но подоцна дознавме детали за тоа.

Долго време ја криеја таа приказна од нас.

Како деца се прашувавме зошто имаме дома прослава секоја година на 18 април, што славиме, што славиме на тој ден, што е всушност на тој ден, бидејќи ни кажаа дека тоа е слава, но каква слава, сакаме да знаеме за што станува збор.

srpska-pejachka-so-ispoved-tatko-mi-bil-proglasen-za-mrtov-i-odnesen-vo-mrtovechnica-srekja-shto-nekoj-tamu-slushnal-deka-e-zhiv-02.jpg

Претпоставувам дека чекаа малку да пораснеме за да разбереме што ќе ни кажат.

Не ги знам сите детали, но знам дека возеле од Скопје за Суботица. Тато бил на совозачкото место.

Во колата имало четворица - возачот пријател на тато, мама и жената на тој пријател.

Претпоставувам дека пријателот на тато заспал, не ги знам точните детали, но тато излетал од колата 20 метри. Тоа е она што ни го кажа мама.

srpska-pejachka-so-ispoved-tatko-mi-bil-proglasen-za-mrtov-i-odnesen-vo-mrtovechnica-srekja-shto-nekoj-tamu-slushnal-deka-e-zhiv-03.jpg

После тоа, го одвеле во Нови Сад, мислам, сега не ме држете за збор. И таму тато бил прогласен за мртов.

Што се случи потоа, мајка ми не сакаше да ни ги каже баш сите детали, но ете, во мртовечницата се нашол некој вработен кој бил таму и слушнал дека некој е жив.

Оттогаш, неговиот живот се сврте наопаку, ама буквално“.

srpska-pejachka-so-ispoved-tatko-mi-bil-proglasen-za-mrtov-i-odnesen-vo-mrtovechnica-srekja-shto-nekoj-tamu-slushnal-deka-e-zhiv-05.jpg

По ова и нивните животи се смениле многу.

„Тато беше во болница долго време. Неговото закрепнување траеше долго, многу долго.

Тој сè уште има шипка на левата нога од половина метар. Мислам, фала му на Бога што тоа е сè, што остана жив, што има внуци, својата среќа покрај себе, тоа е најважното од сè.

Да, неговиот живот дефинитивно се промени од тој ден, дефинитивно“, рекла Надица во емисијата.

srpska-pejachka-so-ispoved-tatko-mi-bil-proglasen-za-mrtov-i-odnesen-vo-mrtovechnica-srekja-shto-nekoj-tamu-slushnal-deka-e-zhiv-07.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Цеца Ражнатовиќ за домашниот притвор од 8 месеци: „Носев електронска алка, се изживуваа со мене“ Казната на Цеца ѝ беше една година домашен притвор, но дел од претходно издржана...
Еди од Хрватска за животот со ХИВ: „Станав коска и кожа, се отвораа рани, имав СИДА, но решив да се ... „Не влегов во тој однос без заштита, тоа можам да го кажам. но, се случи“, вели ...
Елена Китиќ никогаш позгодна - ја „уловија“ со дечкото на аеродром, откако беше на одмор со татко ѝ ... Елена, ретко споделува фотки на Инстаграм, но со нејзината последна објава, таа ...
Татко ѝ признал дека е геј и ја напуштил на 2 години, ќерка ѝ почина мистериозно - Тешката судбина н... „Кај татко ми отидов заедно со мојот сопруг, 20 години откако ме напушти. Негови...
Ана Николиќ е балканската Бритни Спирс: „Очај, бес, крик... Можеби само сака(ше) некој нормално да ј... „Кога се појави Ана Николиќ пееше нежно. Со затворени очи. Никако налик на она п...
„Ја откачи по породувањето, нема да се разведе и не се појавил кај неа дома“ – Што се случува со тат... „Плачеше со ноќи, но Бог ти даде сила повторно да станеш. Она што требаше да те ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg