Девојката со крилја од Србија, родена без раце, е бремена вторпат – објави фотосесија со сопругот и ќерката
- Детали
- петок, 20 февруари 2026
Инспиративната Србинка која е родена без раце, позната како „девојка со крилја“, го покажа трудничкото стомаче и ехо снимката за да сподели дека чекаат второ дете - таа е вистинска инспирација, посебно со видеата на кои ја храни, пресоблекува и си игра со ќерката.

Дејана Бачко е девојка од Србија која е родена без раце, но тоа воопшто не ѝ претставува пречка за да го живее животот со полн здив.
На Инстаграм е позната како „Девојка со крилја“, бидејќи иако нема раце, таа со своите нозе умее да функционира совршено во секојдневието, слика, патува, беше првак во теквондо, а пред две години за првпат стана мајка.
Откако се реализираше во оваа улога, таа стана уште поинспиративна, посебно откако сподели дека не ѝ е потребна никаква помош и сама успева и да ја храни и да ја пресоблекува својата ќеркичка.
Ja нишка ќерката, мести кревет: Како Србинката без раце ги извршува домаќинските обврски?
Сега, на својот Инстаграм профил Србинката сподели убава вест, дека нивното семејство ќе се прошири за уште еден член.
Дејана објави фотосесија со сопругот, на која го покажува трудничкото стомаче и ехо-снимката, а слатко позира и нивната ќеркичка Лара.
„Нови бои стигаат во нашиот живот“ - напиша таа во објавата.




Прочитајте и Инспиративната Србинка без раце за мајчинството: „Не сакам помош, хендикепот не ме спречува да се грижам за ќерка ми“
М. М. | Црнобело
