Девојката на Душко Тошиќ објави фотка од себе без шминка, додека тој се дружи со бившата Карлеуша и гордо се гушка со ќерките
- Детали
- понеделник, 15 јуни 2026
И додека регионалните медиуми нагаѓаат дали Душко Тошиќ избришал фотографија со саканата Нора или, пак, таа била само на Инстаграм Стори, Нора позираше во лифт без градник, по семејната прослава на Душко со бившата Карлеуша. Фановите тврдат дека Нора е копија на Јелена...

Љубовниот живот на Душко Тошиќ повторно е во центарот на вниманието на јавноста откако во медиумите се појави неговата прва фотографија со атрактивната русокоса Нора.

Јавноста неодамна за првпат имаше можност да го види Душко Тошиќ во друштво на Нора. Фотографијата на која се прегрнати и очигледно блиски брзо се прошири низ медиумите, а многумина ја протолкуваа како потврда на нивната романса.

Меѓутоа, само неколку дена подоцна следуваше неочекуван пресврт. Јелена Карлеуша објави фотографија со Душко и ќерките.

Инаку ќерката на Карлеуша и Душко, Атина Тошиќ, успешно го заврши школувањето во престижно приватно британско училиште.


По тој повод беше организирана свечена церемонија на која присуствуваа членовите на нејзиното семејство за заедно да го одбележат овој важен животен момент.


Младата матурантка блескаше во традиционалната матурска облека и со карактеристичната капа што ја носат дипломците во нејзиното училиште, симболично означувајќи го крајот на едно важно животно поглавје и почетокот на новите предизвици што ја очекуваат.
Но, потоа блесна и во елегантна жолта креација.

Нејзината помала сестра Ника Тошиќ напиша:
„Атина го заврши средното училиште. Колку брзо лета времето. Сите сме тука да го прославиме нејзиниот успех... Горда сум на тебе и многу те сакам...“


Инаку, додека се случуваше ова Нора објавуваше Инстаграм сториња од излегувања со другарките, како и едно на кое позира без шминка во лифт.

Во која фаза е нивната врска и дали има проблеми меѓу парот останува мистерија.
Уште две постари фотки од неа:

