Душко Тошиќ објави прва фотка со новата помлада девојка – почнале да живеат заедно, јавно се препираат со Карлеуша
- Детали
- понеделник, 08 јуни 2026
Душко Тошиќ гордо објави прва фотка со својата 10 години помлада девојка, Нора, а Карлеуша не остана имуна и напиша дека таа уште е во брак, откако Нора беше обвинета дека ја копира пејачката, а потоа изјави дека не ѝ била фан, ниту водела страници поврзани со Јелена - драмата во љубовниот триаголник не стивнува.

Во српските медиуми веќе подолг период помеѓу главните теми е поранешниот сопруг на Јелена Карлеуша, Душко Тошиќ, со неговата нова девојка.
Неодамна се откри дека мистериозната девојка е атрактивната Нора Миловановиќ, која е 10 години помлада од него, а се запознале додека таа била уште во брак.
Тие се заедно околу половина година, но откако беше откриен нејзиниот идентитет, веќе влегоа во јавни препирки.
Јелена Карлеуша се пожали дека не сака нејзиното име и лик да го мешаат со нивната врска, а за Нора се пишуваше дека наводно некогаш била фан на Јелена и била администратор на нејзини фан-страници.

Атрактивната девојка на Душко по ова се огласи во медиумите, откри дека е вљубена во својот дечко, но и дека не е вистина дека водела фан-страници на Јелена и не сака да биде дел од јавниот живот.
По долго чување на врската во тајност, Тошиќ викендов одлучи да објави прва заедничка фотка со неа, а во медиумите веќе се пишува дека почнале и да живеат заедно.

Изгледа дека им оди многу добро, имаат меѓусебно разбирање, се согласуваат, делат исти погледи на животот и си се меѓусебна поддршка, па извор близок до парот, за српските медиуми изјави:
„Нивната врска се заснова на искреност и доверба. Уживаат во заеднички моменти и не се оптоватуваат со коментари од страна.
Веќе некое време живеат заедно, патуваат и може да се забележат заедно на јавни места. Кај нив нема потреба за големи докажувања.
Си пружаат поддршка и се радуваат на меѓусебните успеси.

Наместо да дозволат нешто да влијае на нив, одлучија да се фокусираат на нив и на заедничките вредности.
Свесни се дека животот во јавност носи тежина, но веруваат дека секој предизвик може да се надмине кога постои искрена емоција и компромис“.
Јелена Карлеуша не остана имуна, па откако нејзиниот бивши објави прва фотка со девојката, таа на својот профил на X напиша:
„Никогаш физички не би ги нападнала мојот поранешен сопруг и неговата мажена девојка, како што тој го нападна мојот дечко и мене, иако веќе бевме разведени (тоа може да го направи нејзиниот маж).
Да сакав да тепам ку*ви, ќе почнев уште од Турција“ – стои во дел од објавата, која сега веќе е избришана.

М. М. | Црнобело
