Јелена Карлеуша по веста за новата девојка на Душко Тошиќ: „Сум го пријавувала во полиција за семејно насилство, за напади“
- Детали
- вторник, 02 јуни 2026
„Не сакам моето име и мојата фотографија да се појавуваат покрај фотографии на жени кои се во полициска евиденција поради проституција. Изборите и постапките на мојот поранешен сопруг се негова лична работа и не ме интересираа“, жестоко се огласи Јелена Карлеуша.

Јелена Карлеуша апелираше до сите нејзиното име повеќе да не се поврзува со Нора, новата девојка на нејзиниот поранешен сопруг Душко Тошиќ.

Како што напиша поп ѕвездата на социјалните мрежи, таа не сака да има каква било поврзаност со Тошиќ, ниту со жени кои, според нејзината објава, се евидентирани во полициски досиеја за проституција.

Карлеуша покажа со фотографија на Фејсбук како ужива со своитe ќерки:

Нејзината објава на Твитер:
„Ќе ги замолам сите медиуми, со кои навистина имам убав и коректен однос, да не ги ставаат моето име и мојата фотографија во насловите кога пишуваат за мојот поранешен сопруг и неговиот живот.

‘Новата девојка на поранешниот сопруг на Јелена Карлеуша’ содржи само мое име, а мојата фотографија е во центарот на вниманието.

Разбирам дека во спротивно текстот не би привлекол толку читатели, но не сакам да имам никаква врска со човек кого повеќепати сум го пријавила во полиција за семејно насилство, за физички напади врз мене и мојот партнер, за обивање брави и неовластено влегување на приватен имот, за нередовно плаќање алиментација и слично.

Исто така, не сакам моето име и мојата фотографија да се појавуваат покрај фотографии на жени кои се во полициска евиденција поради проституција.
Изборите и постапките на мојот поранешен сопруг се негова лична работа и не ме интересираат, па не сакам да бидам поврзувана со нив.

Човек кој бил способен да разменува пораки со Северина не заслужува простор во вашите медиуми. Ви благодарам“, напиша Карлеуша.
