Му роди син на Лука Јовиќ, сега чека второ дете со друг српски фудбалер – Необично откривање на пол без никакви реакции (видео)

Парот и двете деца изгледаат здрвено и збунето, без посебни реакции - необично, но природно откривање на пол на бебето на Ангела Маниташевиќ, девојката која му роди син на Лука Јовиќ додека тој беше со Софија Мило, а сега е во брак со фудбалерот Немања Бранковиќ и е бремена по третпат. 

mu-rodi-sin-na-luka-jovikj-sega-cheka-vtoro-dete-so-drug-srpski-fudbaler-neobichno-otkrivanje-na-pol-bez-nikakvi-reakcii-video-01.jpg

Во 2022 фудбалерот Немања Бранковиќ и Анѓела Маниташевиќ го кажаа судбоносното „да“, a направија бајковита и луксузна свадба.

Од бракот со Немања, Анѓела ја има ќерката Лола, а претходно, додека била во љубов со фудбалерот Лука Јовиќ, го родила синот Давид.

Сега таа на Инстаграм објави дека чека уште едно дете со сопругот Немања, а со помош на розов чад открија дека очекуваат ќерка.

Ова видео за откривање пол е изгледа едно од најприродните или најзбунетите, со оглед на тоа што нема никаква посебна реакција од никого.

Децата изгледаат збунето, а парот со блага насмевка се бакнува, што е нешто сосема поразлично од видеата на кои гледаме како паровите исценирано скокаат од среќа.

„Сè на светот“ – напиша Анѓела во описот на објавата, проследено со песната од Оливер Драгојевиќ, „Ti si meni sve“.

Кликнете за да го погледнете видеото:

Инаку, Анѓела и Лука Јовиќ се забавувале во периодот од 2014-та до 2016-та година, а потоа пријателски се разделиле.

Но, во 2018-та старата искра повторно накратко се разгорела, па таа непланирано останала бремена и му го родила синот Давид.

Прочитајте и Бившата му родила син, додека тој бил во врска со друга – Љубовниот живот на Лука Јовиќ е како шпанска серија

Кратко потоа, започнала љубовна врска со сегашниот сопруг, од кого сега го очекува нејзиното трето, а заеднички второ дете.

Лука пак, е во среќна врска со манекенката Софија Мило, со која има две деца, а често објавува заеднички фотки со нив и со првиот син Давид. 

Погледнете повеќе семејни фотки од Анѓела и Немања:

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Маја Оџаклиевска за внукот со аутизам: „Лука (16) е сместен во дом со 300 лица со попреченост, цело ... „Не е оштетено само детето, туку целото семејство е оштетено. Замислете кога мој...
Му роди син на додека тој беше со Софи Мило, сега има уште две деца со друг маж – Што прави бившата ... Софија Мило беше обвинета дека му го растурила семејството на Лука кој на 22 год...
„Ја откачи по породувањето, нема да се разведе и не се појавил кај неа дома“ – Што се случува со тат... „Плачеше со ноќи, но Бог ти даде сила повторно да станеш. Она што требаше да те ...
Се разведе од познат актер, тврди дека ѝ се додворуваат политичари - Што знаеме за водителката Бојан... „После разводот не бев толку позната, па полесно им беше да флертуваат. Ми носеа...
Скандал на Милица Тодоровиќ - Мажот со кого доби син е 19 години во брак, неговата сопруга ја откри ... „Тој пред еден месец ми соопшти дека чека дете со Милица. Веднаш ја побарав, ја ...
Софија Мило за првиот син на сопругот Лука Јовиќ: „Јас сум му маќеа – не му се дерам, тоа не е моја ... „Јас сум му како маќеа. Нас Давид многу ни е важен и важно ни е да е среќен кога...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg