Матурантка од Струмица блесна во креација од Златко Јовановски со 2.500 монисти: „Сакаше корсет каков што носи Бијонсе“
„Фустанот беше нарачан уште во јануари. Катерина ми кажа дека отсекогаш на својата матура се замислувала токму во тој корсет на Thierry Mugler што го носи Бијонсе и дека само на мене ми верува дека такво нешто можеме да направиме“, вели Златко за CRNOBELO.com.

Модниот дизајнер со интернационална кариера, Златко Јовановски, во периодот на свадби и матурски прослави креира за многу девојки, и често ги споделува фустаните што ги направил за нив, откако тие самите ќе објават на социјалните мрежи.

Една од тие креации е направена за матурантка од Струмица, а станува збор за корсет со црвени циркони, дополнет со златни детали и црно здолниште - сето споено во вид на фустан.
Креацијата е направена по желба на девојката, која се инспирирала од корсет каков што носела Бијонсе.

За самата креација, Златко раскажа за CRNOBELO.com:
„Клиентката ми кажа дека отсекогаш на својата матура се замислувала токму во тој корсет на Thierry Mugler што го носи Бијонсе и дека само на мене ми верува дека такво нешто можеме да направиме.
Фустанот беше нарачан уште во јануари. Следниот месец направивме проба на конструкцијата/корсетот и потоа го работев рачно.

Интересен факт е дека везот го направив комплетно сам, без помош од моите вработени.
Да работам на оваа креација беше предизвик и уживање за мене, па часовите во кои се заморував везејќи тие неколку месеци ми беа задоволство.
Креацијата се гледа дека е инспирирана од костимот на Thierry Mugler, но од друга страна не е ископиран 100% и сепак има мој печат.
Редизајнирање на оваа позната креација има направено и модната куќа Тhe Blonds од Њујорк.

