Матурантка од Струмица блесна во креација од Златко Јовановски со 2.500 монисти: „Сакаше корсет каков што носи Бијонсе“
Првично креацијата требаше да биде како боди и да се носи со црна долга наметка, но клиентката на прва проба се предомисли и реши тој корсет да продолжува во драматична црна сукња.
За оваа измена првично јас бев „тажен” (ха, ха) дека кај мене е паролата „што поголо тоа подобро” но денес гледам дека сме донеле идеална и паметна одлука.

Сигурен сум дека имаме потрошено 6 пакети различни стаклени монисти, во секој пакет ако имало по 150, тоа се вкупно 900.
Плус имам везено и стаклени камења од 8 вида по 200, тоа се некаде вкупно 1.600 и на сето тоа има ултра ситни циркони кои ги има безброј и не се броени. Везот е збогатен и со брошови.

Мене ми е многу драго кога клиентите од мене имаат високи очекувања, а уште подраго ми е што моите клиенти, моите матуранти се најхрабрите девојки.
Се пошегував со мојата клиентка Катерина внимателно да ја чува оваа моја креација во нејзиниот гардеробер, затоа што еден ден кога јас ќе сум ултра познат, оваа креација милиони ќе вреди.

Голем поздрав и до нејзината мајка, која ѝ правеше друштво на проби и секогаш ширеше многу позитивна енергија.
Знаете… животот е прекрасен кога знаете дека со своето дело и работа ги правите другите среќни“.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело
