„Вечност“: Новата колекција на дизајнерката Стефанија Насеска, инспирирана од Златните маски од Требеништа

Дали има нешто поемотивно и повредно  од тоа да ‘копаш’ по сопствената историја, да ја бараш с’ржта, а да ја најдеш вечноста?  Дали има нешто потешко од тоа да го бараш почетокот или крајот на вечноста?

vechnost-novata-kolekcija-na-dizajnerkata-stefanija-naseska-inspirirana-od-zlatnite-maski-od-trebenishta-01.jpg

Вечност (Eternity) е колекција инспирирана од Златните маски од Требеништа, сами по себе толку многу софистицирани и впечатливи, а сепак толку многу мистични.

Златните маски претставуваат наше национално богатство и како такво сметав дека не се доволно испромовирани, дека кон нив треба да се однесуваме со поголема почит и дека треба повеќе да се зборува за истите.

Токму поради овие причини и нивната мистичност ми беа крајно инспиративни. Истражувајќи ги навлегов во нивната симболика, како тоа дека тие претставуваат заштита за задгробниот, вечниот живот но и дека орнаментиката која вешто е направена преку  релјефното изразување всушност се безконечни спирали и меандри и токму поради тоа колекцијата на нареков вечност.

vechnost-novata-kolekcija-na-dizajnerkata-stefanija-naseska-inspirirana-od-zlatnite-maski-od-trebenishta-02.JPG

Иако маските биле користени повеќе кај мажите, јас во мојата колекција ги употребив токму на спротивниот пол, а целата ја посветив на жената како нежно битие на кое му е потребна заштита, но и тоа дека иако нежни жените се моќни силни и воинствени за да бидат водичи во општеството. Па токму поради оваа змисла се наметна идејата да бидат изведени како корсети оклопи кои некогаш ги носеле Амазонките.

Според мене секоја добра колекција заслужува да биде крунисана со една убава фотосесија, која доаѓа како јагода на шлагот. За модниот едиторијал да го постигне светското ниво на квалитет беше задолжен нашиот најпознат, екстремно талентиран, интернационален моден фотограф Стефан Соколовски кој веднаш ми ја разбра идејата и ја реализираше во најдобро модно светло и со гордост можам да се пофалам со резултатите, кои во моментов вашите читатели имаат можност да ги видат.

vechnost-novata-kolekcija-na-dizajnerkata-stefanija-naseska-inspirirana-od-zlatnite-maski-od-trebenishta-03.JPG

Пред објективот застанаа двете талентирани убавици од модната агенција Макс Моделс, Анастасија Таушанова и Јагмур Бас, кои крајно професионално си ја завршија својата работа. За шминката се погрижи нашата визажистка Сања Ивановска од студио Бленд.

Се надевам дека уживате во овој мал моден времеплов:

Би можело да ве интересира:

10 модни трендови за рана есен, кои треба веќе да ги имате (иако е лето) Панталони и здолништа со чипка во долниот дел, лесни џемпери со копчиња, чанти и...
Моден аутфит со кој нема да сте здодевни на работа – 16 комбинации на фустан со патики (фото) Трендсетерките имаат трик со кој секој фустан го претвораат во деловна комбинаци...
Летните елеци се нов моден тренд за 2025 – како ги носат модерните дами? (фото) Еден од поновите трендови за лето 2025 се елечињата без прерамки - модерните дев...
Розови влечки и лакирани нокти за црвениот тепих - Џејсон Момоа со смел моден избор, откако дојде со... Актерот, кој често знае да изненади со својот моден избор, и овој пат привлече в...
Моден тренд кој му одолева на времето: Како да носите „точки“ во пролет 2026? На здолништа, панталони, кошули, марами, дури и на тренерки - популарните точки ...
Модни парчиња од 1990-тите кои ќе се вратат во полн сјај во 2025-та Фармерки со низок струк, палта од твид, рачно изработен накит - некои трендови с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg