Ретро летен тренд: Марама врзана на главата, како Џеј Ло и Бијонсе во 2000-тите (фото)

Летово се врати уште еден тренд од раните 2000-ти – марами врзани на горниот дел од главата, како што ги носеа најголемите музички ѕвезди пред 20-тина години.

retro-leten-trend-marama-vrzana-na-glavata-kako-dzhej-lo-i-bijonse-vo-2000-tite-foto01.jpg

Изминатава година го видовме враќањето на скоро сите трендови од раните 2000-ти. А, меѓу трендовите кои доминираат ова лето се марамите како украс на главата.

Иако марамите се детаљ кој никогаш не изгубил популарност, до минатата година почесто ги гледавме врзани во косата, како стегач, како додаток на вратот или, пак, како украс на чантата.

Но, ова лето трендсетерките ги носат марамите врзани на горниот дел од главата, како Викторија Бекам, Џеј Ло и Бијонсе пред две децении.

retro-leten-trend-marama-vrzana-na-glavata-kako-dzhej-lo-i-bijonse-vo-2000-tite-foto02.JPG

Сега нивниот изглед го копираат повеќето славни жени како Хејли Бибер и Кендал Џенер.

Марамите се одличен начин да ги дополните летните комбинации, а можат и да ви ја скријат косата ако ви е малку мрсна, а не сакате да ја собирате во опавче.

Неколку фотки за инспирација:

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Модни идеи за жени над 50 години - Што да облечете оваа зима за да бидете во тренд? Според стилистите, важно оваа зима е да не претерате со деталите и со накитот, т...
10 модни трендови за рана есен, кои треба веќе да ги имате (иако е лето) Панталони и здолништа со чипка во долниот дел, лесни џемпери со копчиња, чанти и...
„И на 43 години носам мини фустанчиња - зошто никогаш не сме престари за тоа?“ „Го обожавам изгледот на мини фустан, но на 43 години мислев дека тие денови се ...
7 водечки модни трендови за лето 2026 Марама која може да се носи на безброј начини, брошовите кои се тренд од минатот...
Како да носите свилена марама, најпопуларниот летен моден детаљ? Околу врат, како летна за коса или околу половина – најпопуларниот начин за ова ...
Моден тренд кој му одолева на времето: Како да носите „точки“ во пролет 2026? На здолништа, панталони, кошули, марами, дури и на тренерки - популарните точки ...

Најчитани неделава