„И на 43 години носам мини фустанчиња - зошто никогаш не сме престари за тоа?“
„Го обожавам изгледот на мини фустан, но на 43 години мислев дека тие денови се зад мене. Но, сфатив дека сакам да го прифатам моето тело и да носам мини фустани, па возраста е само бројка, на крајот на краиштата“.

Kaрла Калис од САД е новинарка во магазинот „Hello“, која отворено говори за тоа како мислела дека во 40-тите години нема да носи куси фустанчиња, а како сега на таа возраст смета дека е сосема соодветно да носи.
Нејзината исповед на темата:
„Го обожавам изгледот на мини фустан, но на 43 години мислев дека тие денови се зад мене.
Но колку повеќе размислувам, толку повеќе сакам да го прифатам моето тело и да носам мини фустан, па возраста е само бројка, на крајот на краиштата.
Не сакам ни да помислам дека постојат модни ограничувања според возраста, а фустаните што се пократоки се дефинитивно парче облека што многу жени над 40 години ги избегнуваат.
Но, јас сакам да ги прифатам!
И личниот стилист Џес Ричардсон од САД се согласува дека е време да престанеме да размислуваме за модни бариери во нашето „второ поглавје“ од животот и да почнеме да го носиме тоа што нè прави да се чувствуваме убаво.

Стилистот Џес Ричардсон во една пригода изјави:
„Многу жени (особено над 40) мислат дека никогаш не би можеле да носат мини фустан, но верувајте ми – можете!
Клучот е во изборот на соодветен крој и материјал.
На пример, мини фустанот со A-крој е одличен за сите фигури, додека тесниот мини фустан ќе ги нагласи вашите облини.
Кога станува збор за материјал, поцврстите ткаенини се одлични за повисоки жени, бидејќи ја држат формата и прават да се чувствувате помалку разоткриени.
Фокусирајте се на кроеви и материјали кои ги истакнуваат вашите најдобри карактеристики и ви даваат удобност, а не следете слепо трендови“.
За некои славни личности, мини фустанот е основа во гардеробата.
Џенифер Анистон е една од оние познати личности кои често носи мини фустани, а и отсекогаш ги носела и ми се допаѓа што и постари славни жени го прифаќаат овој изглед.

Џес исто така додава:
„Следете го правилото на 'girl maths' (женска логика), па ако ги покажувате нозете, држете го горниот дел поумерен.
Избегнувајте премногу гола кожа истовремено.
Ако сте несигурни околу нозете, проѕирни хулахопки или исончан тен ќе ви помогнат да се чувствувате посамоуверено.
Чизмите до колена се исто така сигурна опција ако не сакате премногу да откривате“.
Мини фустани над 40, па зошто да не?
С. С. | Црнобело
