7 водечки модни трендови за лето 2026
Марама која може да се носи на безброј начини, брошови кои се како заборавен тренд, но и бохо детали во секојдневните аутфити.

Модата дефинитивно се враќа, а доказ за тоа се трендовите што доминираат оваа пролет и лето.
Некои трендови се од пред само неколку години, но некои се и одамна заборавени, кои сега трендсетерките повторно ги оживеаја.
Седум водечки модни трендови за ова лето:
Марама како моден додаток
Без разлика дали ќе ја ставите на главата, околу вратот или само ќе ја врзете на чантата, марамата е задолжителен моден детаљ за ова лето.
Може да биде акцент на минималистичка комбинација, а може и да ја вметнете во пошарен аутфит ако сакате да експериментирате.

Виолетова боја
Виолетовата боја е меѓу најголемите хитови за 2026-та, и тоа во сите нијанси.
Идеална е за летни комбинации, а одлично се вклопува и во лежерни и во поелегантни аутфити.
Најдобро изгледа во комбинација со бела, но можете да експериментирате и со други повпечатливи нијанси.

Точки
Точките повотрно се враќаат и ова е меѓу најпопуларните дезени за оваа година.
Изгледаат одлично на здолништа, но и на модни додатоци, чевли и слично.
Иако класичната црно-бела варијанта е најпопуларна, одлично изгледаат и потоплите тонови.

Брошови
Брошовите се враќаат на модната сцена како еден од најелегантните модни додатоци.
Во студените месеци изгледа одлично на капути и шешири, но во лето можете да ги ставите и на фармерки, сако, марама…

Неутрални тонови
Неутралните тонови се класика со која нема да погрешите.
Идеални се за секакви комбинации, а оставаат мал простор за грешка.

Тренерки за дневни аутфити
Изминативе неколку години фокусот е ставен на удобноста, па тренерките се популарно парче не само за во теретана, туку и за во аутфитите за дневно излегување.
Можете да ги комбинирате со едноставни маички и патики.

Бохо детали
Оваа сезона се враќа и бохо стилот
Покрај ресите кои беа популарни зимоска, огромен хит се и кошулите со карнери, но и впечатливите бохо кломпи кои се идеални за во лето.

Спирова С. | Црнобело