Како да носите свилена марама, најпопуларниот летен моден детаљ?

Околу врат, како летна за коса или околу половина – најпопуларниот начин за ова лето.

kako-da-nosite-svilena-marama-najpopularniot-leten-moden-detalj01.jpg

Марамата е моден детаљ што никогаш не излегува од мода, но ова лето стана вистински фаворит.

Притоа, трендсетерките покажаа дека можеме да ја носиме не само со елегантни, туку и со полежерни аутфити.

Како да носите марама ова лето?

Околу врат

Наједноставниот, но и најефективниот начин да носите марама ова лето е околу вратот.

Најпрво завиткајте ја во ролна, па само заврзете ја. Јазолот може да биде напред, назад, но и од страна.

Марамата околу вратот изгледа одлично со кошула, но и со маичка со прерамки, а го освежува целиот аутфит.

Одлична е и за минималистички комбинации на кои сакате да ставите акцент.

kako-da-nosite-svilena-marama-najpopularniot-leten-moden-detalj-02.jpg

На главата

Дефинитивно еден од најпопуларните начини за носење марама ова лето.

Треба само да ја ставите марамата на горниот дел од главата и да ја врзете одзади над или под косата.

Овој тренд е идеален и ако косата ви е малку мрсна, но сакате да ја носите пуштена.

kako-da-nosite-svilena-marama-najpopularniot-leten-moden-detalj-03.jpg

Како лента за коса

Марамата може да ви послужи и како стилска лента за коса.

Завиткајте ја во ролна и ставете ја на главата, преку ушите и заврзете ја под косата.

Потоа само извадете два прамена.

kako-da-nosite-svilena-marama-najpopularniot-leten-moden-detalj-04.jpg

Околу половината

Уште еден доста популарен тренд за ова лето.

Поголемите марами можете да ги носите заврзани околу половината.

На овој начин изгледа одлично со широки панталони од лен, но можете да ја врзете и врз сако.

kako-da-nosite-svilena-marama-najpopularniot-leten-moden-detalj-05.jpg

Опавче или пунџа во марама

Косата собрана во опавче или пунџа ќе изгледа многу поубаво ако додадете и марама.

Прво соберете ја косата со стегач, па на крај само врзете ја марамата.

Ако сте повешти во правење фризури, може да пробате и да ја исплетете во плетенка.

kako-da-nosite-svilena-marama-najpopularniot-leten-moden-detalj-06.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

7 модели на женски очила за сонце кои ќе бидат хит во лето 2025 Од модерни авијатичарски до ретро розови очила како во 2000-тите и класичните ов...
Ретро летен тренд: Марама врзана на главата, како Џеј Ло и Бијонсе во 2000-тите (фото) Летово се врати уште еден тренд од раните 2000-ти – марами врзани на горниот дел...
10 модни трендови за рана есен, кои треба веќе да ги имате (иако е лето) Панталони и здолништа со чипка во долниот дел, лесни џемпери со копчиња, чанти и...
Модни идеи за жени над 50 години - Што да облечете оваа зима за да бидете во тренд? Според стилистите, важно оваа зима е да не претерате со деталите и со накитот, т...
Летните елеци се нов моден тренд за 2025 – како ги носат модерните дами? (фото) Еден од поновите трендови за лето 2025 се елечињата без прерамки - модерните дев...
Капри панталоните се враќаат во мода во лето 2025 – од ретро парче до модерни комбинации (фото) Заборавете на сè што сте мислеле за капри панталоните – ако досега личевте старо...

Најчитани неделава