Кога нема што да облече за обична прошетка, Џиџи Хадид носи бела Prada маичка од 1.400 евра (фото)
Сите знаеме да облечеме обична бела маичка која не ни знаеме од кој бренд е кога одиме да завршиме секојдневни обврски, но Џиџи за истата намена, одбира Prada маица по прерамки од 1.400 евра – фановите се опседнати од нејзиниот „изглед од милион долари“, дури и кога е несредена и косата ѝ е фатена со сина штипка.

Џиџи Хадид изминативе денови беше во Париз на модната недела, а ги освои сите со своите аутфити.
31-годишниот модел уште еднаш докажа дека изгледа секогаш совршено, дури и кога не личи дека вложила многу напор за стајлингот.
Во една прилика, таа прошета низ Париз со Бредли Купер, облечена во кафеав фустан со точки, со шлицови и чипка, а косата ѝ беше лежерно фатена со сина штипка.

Многумина ќе се согласат дека не секој може да изгледа како „милион долари“ во обичен летен стајлинг, како што успева таа.

Но, таа имаше уште еден аутфит за кој љубителите на модата коментираат.
Џиџи беше забележана како шета низ улиците на Париз во капри панталони со балетанки и најобична бела растегната маица по прерамки.

Но, сепак, тоа не е само обична маица која секој од нас би ја облекол за обична прошетка, купена во која било продавница за евтини пари за „пери-носи“.
Дури и кога е во најобично издание, Хадид сепак е на ниво, па оваа маичка е всушност со потпис на Prada и чини 1.420 долари (околу 1.200 евра).

Овој стајлинг на манекенката ѝ беше надополнет со MiuMiu чанта од 4.400 долари.

Па следниот пат кога ќе ја видите Џиџи во лежерен аутфит, бидете сигурни дека на себе носи исклучиво скапи и квалитетни брендирани парчиња.

М. М. | Црнобело