Сакаат да ги следат стапките на мама – Како изгледаат денес ќерките на Адриана Лима и Марко Јариќ?
- Детали
- недела, 18 мај 2025
Бразилскиот модел се разведе од српскиот кошаркар Марко Јариќ во 2016-та, а со него ги има ќерките Валентина и Сиена – првата ќерка се роди само 1.9kg тешка, а денес се тинејџерки кои одат по настани со мама и сакаат да ги следат нејзините стапки. Тие сега имаат и полубрат, кој Лима го доби со партнерот Андре, а се појавуваат заедно на настани.
Адриана Лима е горда мајка на три деца, а неодамна се врати во одлична форма по третата бременост која најмногу го промени нејзиното тело.
Прекрасната Бразилка има две ќерки тинејџерки, Валентина и Сиена, кои ги доби во бракот со српскиот кошаркар Марко Јариќ.
Парот се венчаше во 2009-та, а во 2014-та најавија дека се разделуваат, додека пак, разводот официјално се случи во 2016.
Неколку години подоцна, во 2021, Адриана ја официјализираше врската со филмскиот продуцент Андре Лемерс, а во 2022 го добија првото заедничко дете, синот Сиан. Андре има и две деца, Миа и Лупо, од претходната врска.
Иако Лима ретко се појавувала во јавност со децата и повеќе ги криела од што ги покажувала, неодамна среќното семејство со 5 деца почна да се појавува заедно на настани, па многумина коментираа колку нејзините ќерки се пораснати.
Што знаеме за нејзините деца?
Валентина е првото дете што го доби со Марко во 2009-та, а веста за бременоста ја најавија веднаш по медениот месец, кога двајцата изјавија дека се подготвени за семејство.
Откако стана мајка, Лима зборуваше колку тоа ја променило и колку љубов има во неа, но откри и дека се соочила со прееклампсија во бременоста, заради што лежела во кревет 2 недели пред породувањето.
Се породи во 34-та недела, а Валентина, која се роди тешка 1.9kg, била најмалото бебе во целата болница.
Во септември 2012-та, Лима и Јариќ ја добија втората ќерка Сиена, а тогаш открија дека 2-ипол годишната Валентина е пресреќна што ќе биде поголема сестра.
Како што растеа ќерките, моделот откриваше дека ги учи дека убавината доаѓа однатре, дека треба да бидат самоуверени, искрени и да се почитуваат себеси и другите, а во 2023 за People сподели дека почнуваат да развиваат интерес за мода.
„Всушност, тие ми даваат модни совети. Ме прашуваат дали може да ме нашминкаат или да ми го одберат аутфитот што ќе го носам.
Најважно ми е да знаат дека што и да прават, треба да бидат среќни со изборот, а ако не се среќни, секогаш можат да променат насока“ – изјавила Адриана за ќерките и нивните кариерни интереси.
Покрај афинитетите кон модата, двете девојчиња изгледа го наследиле и спортскиот ген од татко им, па Валентина се занимава попрофесионално и со одбојка, а и помалата сестра пројавува слични интереси.
@1valentinalima i kinda like this. Val and Sienna are so good at volleyball #adrianalima #valentinalima #siennalima #adrianalimadaughter #foryoupage #fyp @VAL💗
♬ original sound - eliza ꨄ
Во август 2022, нејзините ќерки добија полубрат Сиан, а третата бременост најмногу го промени телото на моделот, за што добиваше и критики, но таа не се срамеше од изгледот и блескаше дури и отечена и со вишок килограми.
„Секој ден морам да се потсетувам дека треба да се прифатам каква што сум и си велам да си го прифатам телото.
Си повторувам - Ова е транзициско тело моментално бидејќи доби бебе, туку што создаде живот, тоа е благослов. Секое тело реагира различно на бременост.
Но во ред е, се учам...“ – рече таа во 2023 во искрен разговор за промените на телото.
Убавата Бразилка си докажа дека тоа е само моментална состојба на телото и брзо потоа се врати во форма, па во 2024-та се појави на модна писта и на настани со телото кое личи како да не поминало низ три бремености.
Лима е среќна и горда мајка и сопруга, која за себе вели дека понекогаш е изморена мајка на 5 деца, меѓу кои и едно мало бебе и покажа како изгледа нејзиното лице во секојдневието, затворајќи им ги устите на критичарите кои неповикано коментираат за нејзиниот изглед.
Неколку најнови фотки од нив на настан во април 2025:
М. М. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





