Пиела алкохол од 14 години, имаше нервен слом во јавност – Како изгледа денес Миша Бартон, откако се издигна од пропаст?

По големата слава во „Округот Оринџ“ западна во проблеми со алкохол и дрога, имаше низа скандали, нервен слом во јавност кога се дереше од тераса, а стана непрепознатлива со подуено лице и тело и неуреден изглед – како изгледа денес Миша Бартон (40)?

se-propila-na-14-godini-imashe-nerven-slom-vo-javnost-kako-izgleda-denes-misha-barton-otkako-se-izdigna-od-propast-01.jpg

Миша Бартон се прослави со улогата на проблематичната Мариса Купер во хит-серијата „Округот Оринџ“ која беше популарна на почетокот на 2000-тите.

se-propila-na-14-godini-imashe-nerven-slom-vo-javnost-kako-izgleda-denes-misha-barton-otkako-se-izdigna-od-propast-03.jpg

Но, славата брзо ѝ се удри од глава, па во наредните години се бореше со пороци, психички проблеми заради кои заврши во психијатриска установа, проблеми и низа скандали.

Зависноста од алкохол кој наводно го консумирала од 14 години повеќепати ѝ создаваше проблеми, а имаше инциденти и поврзани со користење на наркотици, па беше и уапсена заради возење под дејство на недозволени супстанци.

se-propila-na-14-godini-imashe-nerven-slom-vo-javnost-kako-izgleda-denes-misha-barton-otkako-se-izdigna-od-propast-04.jpg

Пред неколку години таа се обиде да си ја врати актерската кариера и отворено зборуваше дека има посстрауматско стресно нарушување, па посветена е на тоа младите да не се соочат со истите проблеми, а сега изгледа како повторно да ја има контролата над својот живот. 

Тогаш таа беше неколкупати забележувана во јавност, а немаше ни трага од убавицата која се прослави, туку изгледаше подуено, несредено, со неугледен стајлинг.

se-propila-na-14-godini-imashe-nerven-slom-vo-javnost-kako-izgleda-denes-misha-barton-otkako-se-izdigna-od-propast-07.jpg

se-propila-na-14-godini-imashe-nerven-slom-vo-javnost-kako-izgleda-denes-misha-barton-otkako-se-izdigna-od-propast-02.jpg

Годинава таа гостуваше во емисија каде зборуваше дека ѝ е драго што младите денес имаат каде да видат примери од пропаднати кариери и уништени животи, па се надева дека нема да повторат погрешни постапки.

Сега таа е делумно активна на својот Инстаграм профил, каде објавува фотографии од секојдневието и патувањата, нејзиниот изглед е многу поразличен, но лошиот живот има оставено траги врз неа засекогаш.

Погледнете повеќе нови фотки:

M. M. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Врескав додека ме изнесуваа од дома“ – Исповед на ќерката на Дејвид Боуви, која на 14 години ја одн... Ќерката на Дејвид Боуви со трогателна исповед за рехабилитацијата: „Во писмото о...
И по 3 години, Шакира ја боли неверството на Пике, но првпат го пофали јавно - Зошто е спремна да св... „Заздравувањето на раните е нешто што трае многу години. Сфатив дека можеш да по...
Забременила на 15 години, се венчал со неа за да не оди во затвор: Скандалозниот брак на Чарли Чапли... Од четирите бракови на Чарли Чаплин, еден од поскандалозните е оној со Лита Греј...
Била зависничка од дрога, денес има 73 години – Каде е и што прави Ивет од бразилската серија „Клон“... Во 1969-та била Мис Бразил, го изгубила старателството над синот заради зависнос...
Се вљубил во неа пред да ја запознае, му требале 10 години да ја освои - Љубовната приказна на Штефи... „Нашите тренери договорија тренинг во 1999-та, а јас се запрашав: 'Зошто сака да...
Род Стјуарт ја оставил својата најстара ќерка во дом за сираци – во каков однос е со другите седум д... Род Стјуарт има осум деца од пет различни жени. Првото дете го добил на само 17-...

Најчитани неделава