Род Стјуарт ја оставил својата најстара ќерка во дом за сираци – во каков однос е со другите седум деца?
- Детали
- недела, 11 јануари 2026
Род Стјуарт има осум деца од пет различни жени. Првото дете го добил на само 17-годишна возраст, па го дал на посвојување. Девојчето дознало кој му е вистинскиот татко дури откако наполнило 18 години.

Покрај бројните хитови што ги снимил низ годините, Род Стјуарт е познат и по тоа што има осум деца, од пет различни жени.
Денес парите за Род не претставуваат проблем и тој се грижи за сите свои деца.

Но, ситуацијата за музичарот била многу поразлична кога го добил своето прво дете, па морал да го даде на посвојување.
Род го доби последното одете на 66-годишна возраст, но кога му се родило првото дете, имал само 17 години.
Неговото најстаро дете е ќерката Сара која дознала дека Род ѝ е татко дури откако наполнила 18 години.

Откако вистината излегла на виделина, ни за Род ни за Сара не било лесно да изградат некаков однос.
Род и мајката на Сара, Сузана, имале по само 17 години кога се родила ќерка им и ова создало раздор меѓу нив.
„Род доби ќерка (со мене) и ѝ создаде многу компликации во животот, исто како и на мене“, има изјавено Сузана.

Сузана го презирала Род, а истите чувства ги наследила и ќерка им Сара.
„Бев иста како неа, полна со презир. Но, потоа сфатив дека ако се фокусирам само на минатото, нема да стигнам никаде“, има изјавено најстарата ќерка на музичарот.
Впрочем, и на самиот Род му било тешко.
„На почетокот не се чувствував како да е мое дете. Но, многу работев на себе и сега ми е како семејство. Кога се сретнавме, Сара се двоумеше за мене, но потполно ја разбирам“.

