„Заработувам 600.000 евра месечно“ - Откри јутјуберот Бака Прасе и ја восхити Дара Бубамара, која заработува 120.000 евра
- Детали
- вторник, 12 мај 2026
На прашањето за своите месечни приходи, Дара Бубамара на Бака Прасе му откри: „Зависи и од тоа колку рекламни кампањи имам, настапи… околу 120.000 евра месечно, можеби и малку помалку“. Но, тој потоа ја занеми со својата заработувачка.

Јутјуберот Богдан Илиќ, попознат како Бака Прасе, ја покани пејачката Дара Бубамара да биде дел од негов лајв.
Нивниот разговор привлече огромно внимание поради темата за нивната заработка.

На самиот почеток од лајвот, Бака откри дека пејачката наводно имала посебен услов за гостувањето.

„Дара Бубамара бараше 50.000 евра за да дојде во лајв“, рече Бака Прасе на почетокот и додаде:
„Дара ме поддржа кога штотуку почнував, а сега е време јас да ја поддржам неа. Се запознавме пред седум години на роденден во Нови Сад...“

Потоа двајцата разговараа за деловни ангажмани, настапи и реклами, по што Дара без двоумење проговори за својата месечна заработка.
Дара за својата заработувачка изјави:
„Зависи и од тоа колку рекламни кампањи имам, настапи… околу 120.000 евра месечно, можеби и малку помалку“.

На тоа се надоврза и Бака Прасе и откри колку тој заработува месечно.
Бака Прасе вели:
„Заработувам околу 600.000 евра, зависи од месец до месец“.

На ова Дара му честиташе:
„Секоја чест“.
Неодамна Дара Бубамара имаше проблем со нејзина експлицитна аудио снимка, за што се закани дека ќе тужи... Бака Прасе ја покани во лајв за да ја каже својата страна на приказната.


С. С. | Црнобело