Протече експлицитна снимка од Дара Бубамара со 18+ детали за интимен чин – пејачката се огласи, а и дечкото
- Детали
- среда, 29 април 2026
Дара Бубамара (49) во аудиото открива експлицитни детали од интимниот чин, кој траел од 4 до 6:30 часот, со 29-годишен дечко, а сега пејачката се огласи и дека ќе тужи и дека знае кој ја пуштил снимката. Дечкото индиректно го откри својот идентитет и гордо напиша: „Кажуваат сешто“.

Пејачката Дара Бубамара се најде среде скандал откако експлицитна аудио снимка во која зборува како имала интимен чин со извесен дечко и открива детали за тоа протече во јавноста.

Наводно некоја пријателка ја снимала додека таа ѝ објаснувала како си поминала.
По скандалот, таа се појави на снимањето на „Ѕвездите на Гранд“, а во оваа пригода за српските медиуми за првпат проговори за скандалот.

Дара Бубамара за магазинот „Блиц“ вели:
„Одлично сум после сè, одлично. Фала му на Бога што добив голема поддршка од народот, народот знае колку сум добра и искрена, колку им верувам на луѓето.

На многумина им помагам, финансирам, плаќам и струја, а на крај поради нечија љубомора - ми забиваат нож во грб.
Оваа злобна работа се сврте во моја корист, луѓето чувствуваат и знаат кој е добар.

Се знае кој го пуштил тоа во јавност, мојот адвокат работи на тоа да се утврди како стигнало до медиумите.
Таа порака е стара, како сега излезе во јавност?! Жалосно е – храниш куче да те лае.

Сè е тоа договорено, луѓето се љубоморни, се знае како живеам, сите ми завидуваат.
Успешна сум, пред сè мајка, добар човек, пријател, имам убаво момче, убаво ми е во животот. Многу љубоморни се луѓето.
