Пејачки од регионот кои направија најскапи свадби – Цеца ја купиле за 100.000 марки, Пријовиќ во венчаница од 50.000 евра

За пренос на свадбата на Лепа Брена и Боба беше прекинат дневниот весник, а истата чинеше околу 50.000 марки, а пак на синот на Боба и нивната снаа Пријовиќ само декорациите им чинеле 70.000 евра, а целата свадба 400.000 евра. 

pejachki-od-regionot-koi-napravija-najskapi-svadbi-ceca-ja-kupile-za-100-000-marki-prijovikj-vo-venchanica-od-50-000-evra-01.jpg

Српските ѕвезди знаат како да направат добар шоубизнис, па некои од најголемите музички имиња на естрадата од своите свадби направија вистинска фама. 

Лепа Брена, Цеца Ражнатовиќ, Дара Бубамара, Александра Пријовиќ се дел од пејачките чии свадби чинеа цело богатство и важат за најскапите во регионот, а беа будно следени од очите на јавноста.

Прочитајте нешто повеќе за најскапите свадби на пејачките:

Цеца и Аркан

Најскапата свадба за која се зборува и денес дефинитивно е онаа на Цеца и Аркан.

Свадбата на Цеца Ражнатовиќ и Жељко Ражнатовиќ-Аркан се смета за свадба на векот на која присуствуваа 800 гости, а беше пренесувана на телевизија.

Имено, балканската дива се омажи за Жељко Ражнатовиќ Аркан на 19 февруари 1995 година.

Пред да стапат во брак, Аркан морал да добие благослов од црквата за да склучи брак со Цеца која била помлада од него 21 година, а претходно неколкупати бил во брак.

pejachki-od-regionot-koi-napravija-najskapi-svadbi-ceca-ja-kupile-za-100-000-marki-prijovikj-vo-venchanica-od-50-000-evra-02.jpgфото: YouTube

Таа предизвика големо внимание во сите медиуми.

Целата церемонија била организирана по традиционални српски обичаи. Црковната венчавка се одржа во црквата Свети Архангел Гаврил, а свадбената веселба во хотелот „Интерконтинентал“.

Нивната свадба се смета за една од најлуксузните, а свадбената торта која ги воодушеви гостите имаше пет ката и 70 килограми.

Според медиумите, вкупниот износ на пари и подароци кои ги дал Аркан со пријателите за да ја „купи“ невестата кога отишле во нејзиниот дом, изнесувал околу пола милион марки.

Лепа Брена и Боба Живојиновиќ

Во истиот хотел, неколку години претходно судбоносното „ДА" го кажаа и Лепа Брена и Боба Живојиновиќ.

Свадбата била организирана на 7 декември 1991 година во хотелот „Интерконтинентал“, а на церемонијата имало околу 600 гости.

Брена носеше грандиозна венчаница дизајнирана од Кристијан Диор.

https://www.instagram.com/p/CIfe-8mlXuK/?hl=en

За најграндиозната свадба во поранешна Југославија беше прекинат дури и дневникот на тогашната белградска телевизија каде во живо била прикажувана свадбената церемонија и за истата се зборуваше долг период потоа. 

Целата свадба е снимена, а видео-лентата подоцна била продадена во десетици илјади примероци.

Тоа беше најскапата свадба во поранешна Југославија, а чинеше околу 50.000 германски марки, според српските медиуми.

Tие денес се во брак повеќе од три децении и важат за еден од најхармоничните парови.

Во една прилика Брена откри како успеале да ја одржат брачната заедница сите овие години.

„Јас и Боба имавме среќа да растеме заедно низ бракот, да се смееме заедно, да плачеме, да поминеме низ сè заедно.

Нас не нѐ споија само убавите работи, туку и тешките ситуации кои ги преживеавме заедно – киднапирање на дете, колапс на државата, смрт на родител…

Тогаш ќе видиш дали личноста до тебе е навистина твојот животен сопатник. Затоа што е лесно да се биде добар кога сѐ е добро“, изјави Брена.

Дара Бубамара и Милан Кесиќ

Иако не успеаја да ја задржат својата љубов, сепак една од најскапите свадби беше и онаа на Дара Бубамара и бизнисменот од Париз, Милан Кесиќ со кој се венчаше на 3 мај 2008 година во катедралната црква во Нови Сад.

Луксузната свадбена церемонија се одржа во хотел Парк каде биле присутни околу 600 гости, a тортата тежела 90 килограми..

За овој посебен ден Дара Бубамара избра уникатна венчаница создадена од познатиот либански дизајнер Ели Сааб и носеше накит од 4 различни видови злато.

Свадбата чинела околу 120.000 евра, пишува српски Телеграф.

Северина Вучковиќ и Игор Којиќ

И фудбалскиот менаџер Игор Којиќ и Северина не успеаја да ја задржат брачната заедница, па се разведоа пред неколку години.

Тие се венчаа во ноември 2015 година. На свадбената прослава имаше околу 600 гости, главно естрадни ѕвезди од Србија и Хрватска.

Во стилот на Северина, на свадбата беа послужени врвни специјалитети и се пиеја најквалитетните пијалаци.

За време на церемонијата Северина се пресоблече неколкупати, а сите нејзини фустани ги создаде Матија Вуица.

За свадбата на Северина се пишува дека чинела 52.000 евра, а наводно само храната била платена околу 30.000 евра. 

Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ

Една од последните свадби која се памети и за која се пишува во регионот беше онаа на Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ кои се венчаа на 21 јуни 2018-та година во црквата Свети Василија Острошки, каде отидоа со кочија.

По стапките на својата свекрва, Лепа Брена, и Пријовиќ се погрижила сè да биде беспрекорно и да зрачи од луксуз, па за свадбата потрошиле дури 400.000 евра.

На големата прослава имало околу 900 гости, венчаницата на невестата чинела 50.000 евра, декорациите 70.000 евра, а свадбената торта беше на 10 ката.

В. К. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Цеца и Теа Таировиќ ги кренаа на нозе гостите на Светски ромски бал во Скопје (видео) Вистинската забава на Светски ромски бал 2024 почна со настапот на Теа Таировиќ ...
Цеца во стајлинг од 9.000 евра пееше на прославата на Новак Ѓоковиќ и српските кошаркари (фото+видео... Во бел корсет од 300 евра, скинати фармерки и чанта од брендот Louis Vuitton, Це...
Бившиот на Цеца, со малку оседена коса, ужива во љубовта со некогашната Мис Србија – ја преболи пеја... „Сонце, песок, море и ти. Само мој“, напиша новата девојка на бизнисменот Богдан...
„Бил украден од мртва девојка?“: Мистеријата за дијамантскиот ѓердан на Цеца И по 30 години, Цеца се труди да докаже дека морбидните приказни за ѓерданот што...
Цеца за Анастасија: „Разбирам зошто не си доаѓа, најголемата болка годинава ја доживеав заради неа“ „Годината беше шаренолика. Имав многу успешни концерти, многу радости, среќа, а ...
Најзгодната заболекарка во Србија: Му беше кума на Новак Ѓоковиќ, учествуваше во реално шоу во САД Таа и нејзиниот поранешен сопруг му беа кумови на свадбата на Новак Ѓоковиќ, а п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg