„Животот ни даде сè“ - Александра Пријовиќ објави прва фотка од ќерката - прослава во ресторан, бабите пресреќни
- Детали
- четврток, 04 септември 2025
Гордата баба Борка Михајловиќ (мајката на Александра Пријовиќ) носи маица на која има илустрација со бебенце и пишува: „Животот ни даде сè. Се роди Ариа“, а, пак, мајката на Филип откри колку тежи малата Ариа. Семејството славеше во ресторан, а Пријовиќ објави фотка од болница.

Александра Пријовиќ ја објави првата фотографија од својата ќерка, на која цврсто ја држи раката на својата наследничка.
Во описот таа напиша:
„Животот ни даде сè. Ариа 3.09.2025“.
Членовите на семејството на Александра Пријовиќ синоќа организираа веселба по повод радосниот настан.

Атмосферата била повеќе од весела, а посебно радосна била мајката на Александра, Борка Михајловиќ, која емотивните моменти ги сподели со следбениците на Инстаграм.

Гордата баба носи маица на која има илустрација со бебенце и пишува: „Животот ни даде сè. Се роди Ариа“.



