„Дечкото има магија, каква емоција! Која нова песна на Јаков Јозиновиќ ме освои на прва?“
- Детали
- среда, 17 јуни 2026
Кога го слушам него - слушам емоција, слушам магија, има некој X фактор во него. Ми пее од срце и за срце. Ми ја врати магијата на музиката некогаш. Онака природно, едноставно, моќно... Дали и вам? Која песна од неговиот прв албум ви е фаворит?

Кога го слушам него слушам емоција, слушам магија, има некој X фактор во него.
Ми пее од срце и за срце.
Стана вирална сензација, полнеше сали како ретко кој, а воопшто немаше издадено албум.

Ми ја врати магијата на музиката некогаш. Онака природно, едноставно, моќно...
На социјалните мрежи се шират позитивни коментари за него, како во Македонија, така и во регионот.
Извор: Инстаграм
Но, сега Јаков има албум, а мој фаворит од него е песната „Стол за двоје“.

Ja слушнавте ли? Ви се допаѓа ли? Која е вашата омилена?
Неговиот деби албум се вика „Ја за чуда летим“.
Излегувањето на долгоочекуваниот албум Јаков го најави со многу лична и емотивна објава на Инстаграм, во која со своите обожаватели сподели трогателна приказна за настанувањето на насловната песна, која воедно станала и слоган на неговата кариера.

Но, која е приказната зад насловната песна „Ја за чуда летим“?
Јозиновиќ, покрај видео од студио каде што ја слуша музиката заедно со својот соработник Матија Цвек, раскажа како почнал да му се остварува животниот сон.
Тој се присети на 24 април минатата година, кога на една тераса му ја раскажал својата животна приказна на Цвек.

Инспириран од тоа, Цвек почнал да потпевнува мелодија која подоцна станала основа на насловната песна на албумот.
„Во тој момент сè уште никој не знаеше за мене и покрај себе ги имав ‘само’ семејството, пријателите, големите желби и прекрасните луѓе како Матија, кои веруваа во мене“, напиша 20-годишниот пејач.
Тогаш, како што открива, настанале и првите стихови:
„Јас летам по чуда, но тебе те нема во тоа...“

Тој не ни претпоставувал дека оваа реченица ќе стане слоган на неговата кариера.
Слушнете ја песната:
;Само една година подоцна, таа е наслов на неговиот прв албум и на регионалната турнеја за која, како што вели сонувал целиот свој живот.
Јозиновиќ стана регионален феномен уште пред објавувањето на својот прв албум. Иако кариерата ја започнал во телевизиски музички натпревари, вистинскиот пробив го направи преку социјалните мрежи, каде што неговата изведба на песната „Оливера“ од Ѓорѓе Балашевиќ стана вирален хит.
Неговиот најголем успех е распродадени десет концерти во Сава Центар во Белград без да има објавено ниту една своја авторска песна.
Објавувањето на албумот означува почеток на нова фаза во неговата музичка кариера.
Дали и вие го сакате X факторот на Јаков?
Уште една композиција од албумот на Јаков, слушнете ја „Рај“:
С. С. | Црнобело