Прва објава на сопругот на Марија Микиќ по разводот: „За некого си целиот свет и тој некој те вика Тато“
- Детали
- петок, 11 јули 2025
„Некогаш, ќерко, ќе бидеш тажна, а никој нема ни да праша зошто. Верувај ми, ќе те повредуваат. Такви се многу мажи - нема да знаат да те сакаат, нема да знаат да те чуваат, а ти ќе даваш љубов, затоа што си љубов и ќе боли. Знам...“, напиша Јован Пантиќ пред две седмици за ќерката, а сега повторно ѝ посвети емотивни зборови.

Пејачката Марија Микиќ и нејзиниот сопруг Јован Пантиќ се разделија, а ова таа го потврди преку објава на Инстаграм Стори, само еден ден по роденденот на нивната ќерка.
Парот откри дека ќе остане во добри односи и големите настани ќе ги слават заедно во име на среќата на нивните деца.
Раскошниот дом кој го поседуваа ѝ припадна на Марија, каде ќе живее со децата.
Сега, по разделбата Јован објави видео снимено во автомобил со неговата ќерка и напиша:
„За некого си херој, потпора, светилник.
За некого си целиот свет.
И тој некој те вика ТАТО“.

Пред неколку седмици тој повторно имаше емотивна објава за ќерката Ѓурѓа, која гласи:
„Некаде, ќерко, ќе бидеш тажна,
а никој нема ни да праша зошто.
Некаде ќе стоиш боса пред светот,
кој нема да има милост.
Верувај ми, ќе те повредуваат.
Зашто таков е денешниот свет.
Такви се многу мажи -
нема да знаат да те сакаат,
нема да знаат да те чуваат,
а ти ќе даваш љубов, затоа што си љубов
и ќе боли.
Знам.
Но тогаш,
сети се на овој поглед.
Сети се кој те гледаше вака кога беше мала,
како да си чудо, како да си свет. И си свет и големо чудо.
И ќе знаеш – твојот тато сè уште е тука.
Да те слушне и кога молчиш.
Да те крене и кога сама не знаеш како.
Да ти каже:
Дојди.
Тука си безбедна.
Тука си своја.
Тука си моја.
Тука сме наши.
Тука сме љубов.
Ти сè уште не знаеш, но секој мојот поглед кон тебе е заклетва дека никогаш нема да бидеш сама.
Сè што јас сум го пропуштил, ти ќе го имаш.
Сè што не сум знаел, за тебе ќе научам.
Затоа што ти си моето срце што оди.
И добро запамети — не се труди да бидеш некој, не трчај да бидеш посебна.
Не мораш да бидеш поинаква, да бидеш над сите, да бидеш повеќе.
Биди обична. Зашто токму таква ќе бидеш она вистинското!
Зашто во овој денешен свет, да се биде обичен значи да се биде најпосебен.
Да бидеш чесна, насмеана, своја, лудачка и чиста – тоа денес е највредното што можеш да бидеш.
Годините ќе минуваат,
косата ќе ми побеле, како што веќе почна,
но рацете ќе ми останат секогаш раширени за тебе.
И ќе останат така додека го дишам овој наш живот.
И кога сите ќе си заминат,
твојот луд тато секогаш ќе биде тука.
Твој Тато“.
Инаку, периодов Марија Миќиќ ја одбра Црна Гора како дестинација за викенд со децата и на својот Инстаграм профил објави фотографија со синот.
Инаку, Јован има и син од претходниот брак, кој често беше дел од неговата заедница со Марија, со која има две деца.
С. С. | Црнобело
