Синот на Марија Шерифовиќ завршил во болница на летување: „Зеде залет и скокна, моравме на рендген“
- Детали
- петок, 24 јули 2026
„Во Рисан завршивме на ортопедија, во болница, бидејќи скокаше. Имаше залет и скок, па право на рендген. Кој сака, може да му честита, но сè е во ред“, вели Марија, која летува со синот Марио и мајка ѝ на Јадранско Море.

Марија Шерифовиќ доживеа вистинска непријатност на летувањето, поради палавоста на нејзиниот син Марио.

Пејачката летува на Јадранско Море, па откако беше во Црна Гора, со приватен авион, слета во Хрватска.

Друштво на одморот им прави и Верица, мајката на Марија.

Иако Шерифовиќ споделува убави моменти од летувањето, но и секојдневни ситуации во кои се наоѓа, во својот последен влог на Јутјуб, таа раскажа и за непријатност што ја доживеале во Црна Гора.

Марија откри дека завршиле во болница, на рендген, каде што го снимале синот, но дека, за среќа сè е во ред со него.

„Во Рисан завршивме на ортопедија, во болница, бидејќи скокаше. Имаше залет и скок, па право на рендген. Кој сака, може да му честита, но сè е во ред“, вели таа, без да раскаже дополнителни детали.

Ова го раскажа бидејќи и неколку дена по снимањето во болница, Марио повторно скока од мала висина на асфалт, а Марија се грижи за него и го предупредува да не скока зашто може да се повреди.

И покрај загриженоста за синот, Марија не крие колку ужива како мајка, а тоа го покажа со нивна заедничка фотка (на која му го крие лицето) и емотивна порака.

„Не знам дали животот може да биде поубав... Не знам што повеќе би можела да посакам“, напиша таа, а следбеници ѝ кажаа дека зрачи од среќа.
Погледнете го влогот на Марија:
А. Ј. | Црнобело