Нема да има свадба, Мелина измислила дека се мажи – бившата на Харис Џиновиќ сакала да го изнервира

„Нема ништо од свадбата. Никаква венчавка нема да има. Јасно е дека не останаа во добри односи со Харис. На Мелина ѝ пречеше тоа што некои работи тој ги изнесе во јавност. На некој начин сакаше да покаже дека продолжила понатаму и да го изнервира“ - вели извор близок до модната дизајнерка која е во врска со милионер. 

nema-da-ima-svadba-melina-izmislila-deka-se-mazhi-bivshata-na-haris-djinovikj-sakala-da-go-iznervira-01.jpg

Харис Џиновиќ и неговата поранешна сопруга Мелина Џиновиќ имаа бурен развод, проследен со скандали, а тој јавно го обвини дека таа сакала да му ги троши парите и да го искористува.

Во меѓувреме, додека пејачот се жалеше од неа по медиумите, Мелина уживаше во луксуз во Монако, заедно со нејзиниот нов партнер.

Таа е во сериозна врска со милионер со кого неодамна беше забележана на Модна недела, но освен тоа што ѝ отворил бизнис, кружеа гласини дека се свршени и дека се очекува да прават свадба токму во Монако.

Први фотки од Мелина Џиновиќ (45) со свршеникот (70) - милијардер од Монако, кој лани добил бебе со млада Украинка

nema-da-ima-svadba-melina-izmislila-deka-se-mazhi-bivshata-na-haris-djinovikj-sakala-da-go-iznervira-02.jpg

Сепак, изгледа дека тоа не е вистина, ако може да им се верува на изворите за кои српските медиуми тврдат дека се блиски и сигурни.

„Нема ништо од свадбата. Никаква венчавка ниту прослава нема да има. Точно е дека Мелина има сериозен партнер и дека со него ѝ е убаво.

Тој ѝ пружа стабилност, сигурност и луксуз, работи на кои е навикната.

Благодарение на него, живее без грижи, патува, ужива, но тоа не значи дека планира брак“ – наведува изворот.

nema-da-ima-svadba-melina-izmislila-deka-se-mazhi-bivshata-na-haris-djinovikj-sakala-da-go-iznervira-03.jpg

И покрај тоа што првичните гласини за свадба дојдоа исто така од нејзиниот круг на пријатели, сепак изворот тврди дека сакала да направи нешто со што ќе го изнервира Харис, откако тој ја погоди со зборовите кои ги ширеше за неа јавно.

„Јасно е дека не останаа во добри односи. На Мелина ѝ пречеше тоа што некои работи се изнесени во јавност.

На некој начин сакаше да покаже дека продолжила понатаму и дека е среќна.

Приказната за венчавка можеби била начин да му испрати порака на пејачот, за тој да се изнервира“ – вели соговорничката која тврди дека е добро упатена во случувањата на семејството.

Прочитајте повеќе: Харис Џиновиќ за бившата Мелина: „Не можам да ја наречам дама, премногу ѝ давав слобода, ѝ здосадив“

Оние кои добро ја познаваат Мелина наводно тврдат дека таа сега е многу повнимателна за одлуки за брак и дека сега само сака мир, а не спектакуларни свадби под рефлектори.

„Ако некогаш одлучи пак да се омажи, тоа ќе биде тивко и далеку од очите на јавноста“ – завршува изворот.

nema-da-ima-svadba-melina-izmislila-deka-se-mazhi-bivshata-na-haris-djinovikj-sakala-da-go-iznervira-04.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бившата снаа не ја заборава свекрвата: Во какви односи е Адријана Лима со мајката на Марко Јариќ? По разводот со Марко Јариќ, Адријана Лима има нов сопруг и трето дете, но во как...
Утре се мажи Мелина Џиновиќ со милионерот од Монако - Кумата тргна натаму, гостите ќе доаѓаат со јах... Таа ќе се омажи за богатиот Англичанец Џефри Пол Арнолд Деј (70). Гостите на сва...
Харис Џиновиќ за бившата Мелина: „Не можам да ја наречам дама, премногу ѝ давав слобода, ѝ здосадив“... „Кога реков дека премногу давав, не мислев на финансискиот дел, туку на слободат...
Харис Џиновиќ за свадбата на бившата Мелина: „Што сака нека прави, да не бев јас, ништо од тоа немаш... „Не ме интересира што се пишува, ниту ме интересираат случувања поврзани со неа....
Јована Јеремиќ: „Многу жени свеќи треба да ми палат - им ги праќав мажите назад дома“ „Тој маж да знаел да ја усреќи својата жена, немаше да дојде кај тебе. Јас ги вр...
Бившата сопруга на Игор Којиќ проговори првпат по разводот: „Кога го запознав, дома веднаш кажав - ќ... „Штом го запознав Игор, дојдов дома и реков: „Да знаете, ова е момчето за кое ќе...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg