Братот и снаата на Теодора Џехверовиќ сите пари ги вложиле во Дубаи, мајката вели: „Им реков да се вратат ако заостри“

„Тој ризикуваше кога се пресели, ги вложи сите пари што ги имаше. Јас пробувам со нив да ја свртам на шега, да се присетиме како беше кај нас бомбардирањето, Теа тогаш беше мала. Се држат храбро, ако заостри, им реков нека се вратат во Србија и тоа е тоа“ - вели мајката на Теодора Џехверовиќ за синот Сава кој живее во Дубаи со сопругата Адријана Кадар и ќеркичката. 

bratot-i-snaata-na-teodora-djehverovikj-site-pari-gi-vlozhile-vo-dubai-majkata-veli-im-rekov-da-se-vratat-ako-zaostri-01.jpg

Братот на Теодора Џехверовиќ, Сава, заедно со неговата сопруга Адријана Кадар и нивната ќеркичка Доротеа, веќе подолг период живеат во Дубаи.

Сава работи како агент за недвижности, а Адриана е инфлуенсерка, снима влогови и целосно е посветена на чување на ќеркичката.

Во екот на воениот конфликт, тие на Инстаграм постојано објавуваат дека наводно ситуацијата е мирна и нема простор за паника, како и дека изминатите денови ги поминале на базен и на детски игралишта.

Сепак, состојбата е сериозна и додека некои пишуваат дека е мирно, други сепак имаат блага паника, но жителите таму се многу внимателни што објавуваат јавно, бидејќи може да се соочат со казни за лажни вести, додека елитните богаташи го напуштаат градот.

Прочитајте и Елитата плаќа и до 300.000 евра за бегство од Дубаи – зошто инфлуенсерите тврдат дека сè е во ред?

Мајката на Сава, за српските медиуми открила дека секојдневно се слуша со семејството кое наводно сите свои пари ги вложило за преселбата и животот во Дубаи.

bratot-i-snaata-na-teodora-djehverovikj-site-pari-gi-vlozhile-vo-dubai-majkata-veli-im-rekov-da-se-vratat-ako-zaostri.jpg

Прочитајте и Парот од Србија, прогласен за контроверзен, се пресели во Дубаи: „Сè е прескапо, дали донесовме правилна одлука?“

„Се слушаме секој ден, три-четири пати во текот на денот. Војна како војна, на никого не му донела ништо добро.

Но кај Сава ситуацијата е безбедна, нема да гаѓаат цивили. Нема страв, нормално луѓето се малку загрижени, но јас пробувам да ја свртам на шега, да се присетиме како беше кај нас бомбардирањето, Теа тогаш беше мала.

Во некои клучни моменти, јас сум многу силна, нема страв, паника, погрешни потези, тогаш сум смирена и темелна. Теа тогаш беше мала, луѓето одеа по подруми, јас тоа го прикажав дека така мора, сите заедно бевме дома.

Бев шокирана за ситуацијава сега, бев во Дубаи и знам каков град е, не може човек да поверува дека тоа се случи.

Сава ризикуваше кога тргна во Дубаи, ги вложи сите пари кои ги имаше во тој нивен проект. Тие одат на базен, на игралиште, се движат.

Има луѓе кои се во паника, а тие се доста стабилни, се држат храбро, ако се заостри, им реков нека се вратат во Србија и тоа е тоа“ – изјавила Гоца во емисијата „Pitam za druga“.

И Теодора за медиумите изјавила дека е постојано во контакт со брат ѝ, дека некои денови со часови се вклучени на видео повик за да се уверат дека е мирно и во ред.

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Братот на Немања Гудељ се смири со бившата девојка, по наводната врска со атрактивна српска пејачка ... Папарацо фотографите го уловија со атрактивната пејачка Ема Радојко, но тој не ј...
Се сврте кон верата, чудни напливи на емоции – Што прави бившиот сопруг на Марија Микиќ откако се вр... Ги носи децата во црква, околу вратот носи крст, почна да работи како менаџер на...
Се разведе од познат актер, тврди дека ѝ се додворуваат политичари - Што знаеме за водителката Бојан... „После разводот не бев толку позната, па полесно им беше да флертуваат. Ми носеа...
„Се женам со Зорана за да ја обезбедам материјално, не сакам ќерка ѝ да ме вика тато“ - Саша Ковачев... „Знам дека на секоја жена ѝ е сон да се омажи и тоа е, една од причините што вле...
Српска глумица и хрватски фудбалер чекаат бебе - Се венчаа во тајност, таа беше во врска со Игор Кој... Теодора Бјелица и Карло Мухар се венчаа тајно на почетокот на 2024-та година, а ...
На Мирослав Илиќ му се доволно 3.000€, Аца Лукас скромен со 1.200€ - Колку троши српската естрада ме... „Живеам сосема нормално, како повеќето луѓе. Имам трошоци, комуналии, храна и су...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg