Парот од Србија, прогласен за контроверзен, се пресели во Дубаи: „Сè е прескапо, дали донесовме правилна одлука?“

„Каков ролеркостер од емоции овие денови. Навидум сè е совршено, но всушност во главата е еден голем хаос. Дали одвојувањето од семејствата има цена? Сето тоа го имавме во Србија, а сепак нешто ни недостигаше, дали тоа ќе го најдеме овде?“, искрено споделува Адријана Кадар Џехверовиќ.

parot-od-srbija-proglasen-za-kontroverzen-se-preseli-vo-dubai-se-e-preskapo-dali-donesovme-ispravna-odluka-01.jpg

Српската инфлуенсерка Адријана Кадар Џехверовиќ со својот партнер Сава Џехверовиќ, брат на пејачката Теодора Џехверовиќ, Србија ја замени со Дубаи.

Тие донесоа храбра одлука да се преселат со нивната 1-годишна ќерка.

Адријана и Сава познати се како контроверзен пар поради разликата во години и фактот што Сава ја освоил кога имала само 14 години, а тој имал 29 тогаш.

parot-od-srbija-proglasen-za-kontroverzen-se-preseli-vo-dubai-se-e-preskapo-dali-donesovme-ispravna-odluka11.jpg

По преселбата во Дубаи, Адријана напиша:

„Стигнавме и ја имавме нашата прва прошетка која толку долго ја чекавме.

Уште се запознавме со соседството, каде што се наоѓа и како што можевме да забележиме ова соседство е одлично за семејства со деца, а токму тоа го сакавме.

Долго шеталиште, паркови, игралишта, тивко и чисто. Поглед на Dubai Skyline.

Oва е соседство кое допрва ќе се развива и допрва ќе биде центарот на Дубаи.

Иако никогаш претходно не сме биле овде, нешто нè наведе авантурата да започне токму од овде. Dubai Creek Harbour те сакаме!“

Прочитајте и Пар од Србија, прогласен за контроверзен, води живот од соништата - патуваат секаде со 1-годишната ќеркичка

Потоа, Адријана повторно се огласи на тема преселбата:

„Каков ролеркостер од емоции овие денови.
Навидум сè е совршено, но всушност во главата е еден голем хаос. Дали направивме правилна одлука? Што постигнавме со овој чекор?

Дали одвојувањето од семејствата има цена? Сето тоа го имавме во Србија, а сепак нешто ни недостигаше, дали тоа ќе го најдеме овде?

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Србинка во солзи: „Ова ти е Америка - работиш за да умреш сам“ „Ова ви е Америка. Моментално сум пред болница. Моја колешка од работа која има ...
Беше во брак со двајца српски пејачи кои беа другари, наследи вила од 750.000 евра: Која е фаталната... Таа ги скара најдобрите пријатели Аца Лукас и Жељко Шашиќ, но и двајцата ги оста...
Природно убави - Пејачки од Србија кои немаат направено естетски корекции Сара Јовановиќ, попозната како Сара Јо, важи за една од најубавите млади пејачки...
Милош Биковиќ ужива во семејната идила и испраќа моќна порака за луѓето кои се ситат на туѓата несре... „Човек кога се занимава со туѓ живот, не мора да се занимава со својот. И кога н...
По судењата против професорот кој ја силувал, Милена Радуловиќ во Шпанија – ја освои публиката, ужив... Глуми девојка со лузна, чија единствена цел е одмазда. Во слободно време ужива н...
Студирала археологија, наскоро ќе стане мајка – Која е убавата Нала од серијата „Девојката од прозор... Бурџу Бириџик глуми во турската серија „Девојката од прозорецот“, но знаевте ли ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg