Елитата плаќа и до 300.000 евра за бегство од Дубаи – зошто инфлуенсерите тврдат дека сè е во ред?
- Детали
- петок, 06 март 2026
Ако некој каже или сподели нешто што ќе ја наруши репутацијата на Дубаи или Емиратите, може да заврши во затвор. Наводно, поради овој закон, инфлуенсерите се плашеле да кажат дека ситуацијата во Дубаи сепак е страшна. Во меѓувреме, елитата плаќа и до 300.000 евра за да избега од конфликтот.

Ситуацијата на Блискиот Исток брзо ескалира по нападот на Иран од страна на Израел и САД.
Иран возврати речиси веднаш, напаѓајќи американски бази низ целиот свет, вклучувајќи ги оние во Дубаи.
Мотото на Дубаи е дека е „најбезбедното место на светот“, но ова се промени преку ноќ.
Сепак, кога почнаа нападите во Дубаи, инфлуенсерите масовно објавуваа видеа како доказ дека сè е во ред и животот си тече најнормално бидејќи, сепак, ова е најбезбедниот град во светот.
Но, додека тие го убедуваат светот за идилата во Дубаи, богаташите плаќале и над 300.000 евра за приватни летови за да побегнат од Блискиот Исток.
Пред неколку денови се дозна дека од Дубаи, богаташите се упатувале кон Ријад, Саудиска Арабија, бидејќи тамошниот аеродром е еден од малкуте кои сè уште се во функција.
Како што пренесуваат некои медиуми, бегствата на богаташите ги организираат приватни компании кои со возила ги носат од Дубаи до Ријад.
Оттаму, им наоѓаат приватни летови – оние до Европа сега чинеле и над 350.000 евра.
Засега Саудиска Арабија се смета за најбезбедната рута за бегство од Блискиот Исток, а надлежните ги олабавија и правилата за виза, за да им ја олеснат евакуацијата на што е можно повеќе луѓе.
Проблемот е што сега и комерцијалните летови се екстремно скапи, а некои и се откажуваат.
Па, сега на Дубаи се заглавени бројни инфлуенсери кои мораат да кажуваат дека сè се одвива во најдобар ред, но кои мора да потрошат цело богатство ако сакаат да избегаат на побезбедно место.
