Абортирала поради него, ја терал да спие со Ерос Рамацоти за да направи еротски фотки - Бурната љубов на Нина Мориќ и сопругот
- Детали
- сабота, 17 јануари 2026
Поранешниот сопруг, познат и како „крал на папараците“ во Италија, продавал нејзини голи фотки на списанија, а Нина тврди дека еднаш ја пратил во соблекувалната на Ерос Рамацоти и барал да спие со него за да направи фотки и видеа - во тоа време биле во брак.

Пред неколку дена на Нетфликс почна да се емитува документарниот филм за Фабрицио Корона, таканаречениот „крал на папараците“ - Fabrizio Corona: io sono notizia („Фабрицио Корона: Јас сум вест“).
Контроверзниот италијански претприемач беше во брак со хрватската манекенка Нина Мориќ, која своевремено важеше за една од најубавите жени во светот.

Во документарецот таа открива дека поради него абортирала близнаци, велејќи дека „си ги убила децата“ и оттогаш психички не е своја.
„Мислев дека љубовта може да се купи со пари. Не може“, вели Нина на почетокот на серијалот.
Нина Мориќ денес
Сето ова го поттикна интересот за нивната бурна и скандалозна љубовна приказна.
Во 1999 година, Нина Мориќ беше на врвот на својата кариера.
Покрај успехот на модните писти, нејзиното појавување во спотот за песната Livin' la Vida Loca на Рики Мартин, ѝ донесе светска слава.

Фабрицио Корона во тоа време беше член на тимот на агентот за шоубизнис Леле Море (со кого наводно бил и во интимна врска), па се појавил и на забава на Роберто Кавали во Порто Черво (во тоа време најважниот шоубизнис настан во Италија).
Таа вечер, според него, тие не ги тргнале очите еден од друг. Верзијата на Нина е дека тој дошол на забавата со близначки со кои се бакнувал цело време и дека таа само се загледувала затоа што била шокирана од неговото однесување.

Две недели подоцна, повторно се сретнале, а Корона ја поканил на вечера.
„Од таа вечер веќе не се разделивме“, рекол подоцна Корона.

