„Убив две деца зашто поранешниот го бараше тоа, иако веќе им имаше дадено имиња“ - Нина Мориќ за скандалозниот брак
- Детали
- вторник, 13 јануари 2026
Една од најубавите жени на крајот на 1990-тите, хрватската манекенка Нина Мориќ, во документарен филм за нејзиниот поранешен сопруг, контроверзниот „крал на папараците“, открива детали поради кои доживеала психичко растројство.

Хрватската манекенка Нина Мориќ, која се прослави преку спотот на песната Livin’ La Vida Loca на Рики Мартин, живее живот исполнет со скандали, најмногу поради бракот со контроверзниот Италијанец Фабрицио Корона, познат како „крал на папараците“.
Поранешните сопружници низ годините често беа застапени во италијанските и регионални медиуми поради бурната врска, неговото одење во затвор, разводот...

Дел од овие работи се прикажани и во новиот документарец на Нетфликс за животот на Фабрицио, наречен Fabrizio Corona: io sono notizia („Фабрицио Корона: Јас сум вест“).
И иако документарецот се фокусира на скандалите, времето поминато во затвор, манипулациите, жедта на Фабрицио за пари, неколку љубовни афери, сепак е опфатен и неговиот брак со Мориќ, а и самата таа се појавува, за да ја раскаже нивната приказна.

Во видеото, Нина Мориќ, има болна исповед за прекинување на близначката бременост, траума која ја прогонувала со години, а за која не зборувала често јавно.
Нејзината изјава е директна и болна, а таа вели:
„Убив две деца. Таа одлука ми остана како трајно чувство на вина. Иако одлуката беше заедничка, товарот никогаш не беше рамномерно распределен.
Тој го сакаше тоа, а јас го послушав. Па, затоа и јас го сакав тоа. Но, сакав тој да ме спречи. Потоа, никогаш повеќе не разговаравме за тоа“, вели таа.

Но, таа открива и детаљ што никогаш порано не го споделила со јавноста.
„Тој веќе им даде имиња на децата, иако знаеше дека бременоста ќе биде прекината.
Тој чин ја направи мојата болка речиси неподнослива и остави трајни последици врз мојата ментална состојба“, додава Нина.

