Островот Крит како сцена од апокалиптичен филм: Портокалово небо и прашина поради песочна бура од Сахара (фото+видео)

Поради песочна бура од Сахара, вчера островот Крит беше покриен со прашина, а поради портокаловото небо изгледаше надреално, како сцена од филм.

ostrovot-krit-kako-scena-od-apokaliptichen-film-portokalovo-nebo-i-prashina-poradi-pesochna-bura-od-sahara-foto-video-01.jpg

Грчкиот остров Крит наликуваше на сцена од филмот Dune откако беше погоден од песочна бура, па дури и торнадо.

Песочниот облак од Сахара вчера (01.04) зафатил голем дел од островот, вклучувајќи ги и поголемите градови како Ираклион.

Видливоста била значително намалена, а ветриштата биле толку силни, што на некои места корнеле и дрвја.

Голем дел од вчерашните летови биле пренасочени и откажани.

Торнадото, пак, се појавило на северниот брег на островот и предизвикало штета на неколку стакленици и фабрика за керамика.

За среќа, според сегашните информации, нема повредени.

Сепак, метеоролозите апелираат за зголемено ниво на прашина во воздухот, поради што им се препорачува на ранливите групи луѓе да не излегуваат надвор.

Се очекува прашината да се расчисти денес, а со тоа и да се подобри квалитетот на воздухот.

Фотографии и видеа од надреалната глетка на Крит:

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Син ми со аутизам не си игра со други деца, зашто не го викаат“ - Хрватска актерка за најголемата б... Актерката Маријана Микулиќ од серијата Lud, zbunjen, normalan има три сина ...
„Се женам со Зорана за да ја обезбедам материјално, не сакам ќерка ѝ да ме вика тато“ - Саша Ковачев... „Знам дека на секоја жена ѝ е сон да се омажи и тоа е, една од причините што вле...
„Мораше“ - Сопругата го брани Дарко Лазиќ, кој повторно пее 2 седмици по смртта на брат му и стана м... „Прочитав коментари како ‘срам да ти е, не поминале ни 40 дена, а веќе пееш’. Са...
Спиел со преку 350 жени, има деца со 3 од нив - Кои се најголемите љубови на Дарко Лазиќ? Една го обвини дека ја малтретирал, друга, наводно, го остави поради неверство, ...
Цеца Ражнатовиќ за бившиот дечко: „Ми рече да се преселиме во помал стан – трошоците за куќата ми би... „Вели - многу ти се големи трошоците за одржување на куќата, да се преселиме во ...
Фахрије Евџен и Бурак Озчивит на одмор со синовите - „Неџла“ никогаш поубава, „Бали Бег“ ја слика Еден од најпопуларните парови во Турција одмораше на плажа. „Неџла“ модерна и бе...

Најчитани неделава