Цеца Ражнатовиќ за бившиот дечко: „Ми рече да се преселиме во помал стан – трошоците за куќата ми биле огромни“
- Детали
- петок, 26 септември 2025
„Вели - многу ти се големи трошоците за одржување на куќата, да се преселиме во некој помал стан. Ми кажува он дека ми се големи трошоците и ми прави пресметки... Пријателе, тргни ми се, ниту ти плаќаш ниту ти треба да се грижиш за тоа“ - се пошегува Цеца во емисија за бившиот дечко Владимир, со кого беше 6 месеци во врска до 2010-та.

Светлана Цеца Ражнатовиќ долги години умешно го криеше љубовниот живот, а за јавноста беше изненадување нејзината јавна љубовна врска со Богдан Срејовиќ, која траеше од 2021 до 2022 година.

Но, многу поодамна, пред 15-тина години, односно 9 години по смртта на сопругот Аркан, таа имаше кратка врска и со Владимир Цветковиќ Цвеле.

Тој тогаш се претставуваше како манекен, љубовта им траеше само 6 месеци и заврши на почетокот на 2010-та година.
Брзо по крајот на нивната романса, дечкото се повлекол од јавниот живот и манекенството, некое време возел автобус, а нема информации за тоа со што се занимава сега.
Иако ретко зборува за љубовниот живот, во ново интервју во емисијата „Sve u 16“, Цеца се потсети на една анегдота со него.
„Еден твој дечко во 2010 ми кажа дека твојата куќа не е рентабилна, дека сметките за струја се огромни и дека треба да се преселите во помал стан“ – ѝ вели водителот, на што таа со смеа се надоврзува и вели: „Дека треба да преминеме во 70 квадрати“.
Цеца продолжува со смеа да раскажува за оваа ситуација:
„Ми го кажа тоа и на мене. Вели - многу ти се големи трошоците за одржување на куќата, да се преселиме во некој помал стан.
А јас му реков – па да, јас мислам дека е одлична идеја.
Ми кажува он дека ми се големи трошоците и ми прави пресметки... Пријателе, тргни ми се, ниту ти плаќаш ниту ти треба да се грижиш за тоа.
Ми беше смешен, па не ни остана долго...“

Инаку, откако стапи во брак со Аркан, Цеца живее во луксузна вила на Дедиње во Белград, а нејзината куќа ѝ е добропозната на јавноста, па честопати е атракција.

На прашањето дали некогаш размислува да ја продаде вилата и да оди на помало место, таа вели:
„Не... Тоа чувство на удобност го имам само во таа куќа и таму ми се сите спомени, поврзани и за мојот покоен маж и за раѓањето и растењето на моите деца.
Куќата е полна со наши спомени.
Иако сум помеѓу 2 фреквентни улици, каде постојано се слушаат свирежи и сирени, луѓе застануваат, пуштаат песни и викаат, навивачите кои поминуваат скандираат ‘Јави се Цецо’, сепак тоа има и своја драж, бидејќи луѓето ме сакаат.
Кликнете на видеото:
Прочитајте и Љубовната приказна на Цеца и Аркан - Првпат го видела на фотографија во Playboy, го убија во нејзина близина
М. М. | Црнобело
