Фахрије Евџен и Бурак Озчивит на одмор со синовите - „Неџла“ никогаш поубава, „Бали Бег“ ја слика
- Детали
- вторник, 21 јули 2026
Еден од најпопуларните парови во Турција одмораше на плажа. „Неџла“ модерна и без грам шминка покажува што е вистинска убавина - шета со „Бали Бег“, се гушка со синовите.

Турската актерка Фахрије Евџен сподели нови фотографии направени покрај море од семејниот одмор со нејзиниот сопруг, актерот Бурак Озчивит, и нивните синови Каран и Керем, привлекувајќи големо внимание на социјалните мрежи.

Тие се меѓу најпопуларните турски телевизиски ѕвезди, а заминаа на летен одмор по напорниот работен период.

На фотографиите се гледа како уживаат покрај море, а Фахрије Евџен изгледа поубаво од кога било.

Летните едноставни комбинации на Фахрије Евџен предизвикаа бројни позитивни реакции и пофалби од нејзините следбеници.
Повеќе фотки од одморот:




