Турист предупредува: „Бев на одмор во Црна Гора, наидов на рибата лав - прекрасна е, но отровна, внимавајте“
- Детали
- петок, 17 јули 2026
„Бидете внимателни, бидејќи може да се појави и во плитка вода. Рибата лав е многу убава, но и многу опасна. Можеби ќе посакате да ја допрете, но нејзините боцки содржат силен отров. Ова не е нејзино природно живеалиште и се смета за инвазивен вид“, предупредува Вук Ристовиќ за средбата со опасната риба на полуостровот Луштица во Црна Гора летово.

Вук Ристовиќ (vik_travels) на својот Инстаграм профил предупреди за опасна риба на која наишол за време на неговиот одмор во Црна Гора.
Тој имал средба со рибата лав, која изгледа прекрасно, но е отровна и опасна.

Вук бил во Луштица - живописен полуостров во југозападниот дел на Црна Гора, кој се наоѓа меѓу Бока Которска и отвореното Јадранско Море. Познат е по чистото море, скриените заливи и природните пејзажи.

Неговата објава гласи:
„Видовме прекрасна риба лав кај Арза, во близина на Жањиц (Жањиц или Жањице е каменеста плажа и туристичка населба сместена во заливот Мириште на полуостровот Луштица, Црна Гора). Таа е навистина неверојатна!
Има црвено-бели линии (но, можат да бидат и во друга боја) по телото и големи „крилја“ со боцки. Нејзиниот убод е многу болен, а болката може да трае со часови.
Бидете внимателни, бидејќи може да се појави и во плитка вода.

Рибата лав е многу убава, но и многу опасна. Можеби ќе посакате да ја допрете, но нејзините боцки содржат силен отров.
Ова не е нејзино природно живеалиште и се смета за инвазивен вид.

Во многу области се препорачува нејзино отстранување за да се заштити локалниот морски екосистем.
Секогаш бидете внимателни и гледајте околу себе, бидејќи може да се појави и во плитките делови на морето. Ние ја видовме кај Арза, покрај Жањиц“.
Арза и Жањиц се крајбрежни места на полуостровот Луштица, во Црна Гора, на влезот во Бока Которска.
Арза е стара тврдина и ‘рт на самиот влез во Бока Которска, а Жањиц е позната плажа, оддалечена само неколку минути со брод или кратко возење од Арза.
Кликнете на видеата:
Инаку, рибата лав (Lionfish) е една од најпрепознатливите, но и најопасните риби во тропските и суптропските мориња. Во последните години сè почесто се забележува и во Медитеранот, вклучувајќи го и Јадранското Море.
