Може да одгриза прст – Колку е опасна отровната пуфер риба која почна да се појавува во Грција?

Во водите на Грција периодов е забележан зголемен број на таканаречената отровна риба пуфер која е отровна за јадење. Иако нејзиното каснување не предизвикува труење, рибата има многу силна вилица и може да нанесе сериозни повреди. Сепак, ако не пробувате да ја допирате или храните, шансите да бидете нападнати се навистина мали.

mozhe-da-otkine-prst-kolku-e-opasna-otrovnata-pufer-riba-koja-pochna-se-pojavuva-vo-grcija-01.jpg

Рибата од видот Lagocephalus sceleratus, кај нас нарекувана и сребренолична (или отровна) риба пуфер, живее во водите на Медитеранот, а сега почесто била забележувана и кај Атина и централните делови на Грција.

Проблемот кај овие риби е тоа што се инвазивни за другите видови, во грчките води немаат свои предатори, а можат да бидат и опасни за луѓето.

Главната опасност од овие риби е невротоксин познат како тетродотоксин. Токсинот се наоѓа во јајниците, кожата, мускулите и црниот дроб на рибата, поради што е отровна за јадење.

Кај луѓето, отровот може да предизвика трнење, слабост, парализа, проблеми со респираторниот систем, па дури и смрт.

Впрочем, во Египет, Израел и Турција биле забележани неколку смртни случаи.

mozhe-da-otkine-prst-kolku-e-opasna-otrovnata-pufer-riba-koja-pochna-se-06.JPG

Токсинот што го имаат овие риби е отпорен на топлина, па останува присутен дури и ако месото од рибата се готви.

Истовремено, засега нема противотров, па доколку некој консумира месо од рибата, третманот се одржува на стабилизација на пациентот и подобрување на симптомите.

Друга закана од овие риби е нивната силна вилица. Иако немаат отровен загриз, поради забите и силната вилица може да предизвикаат сериозна штета.

Забите оставаат длабоки рани, можат да скршат коска, да оштетат нерви, а имало и ситуации каде што рибата одгризала цел прст.

mozhe-da-otkine-prst-kolku-e-opasna-otrovnata-pufer-riba-koja-pochna-se-pojavuva.JPG

Секое каснување од риба или животно доаѓа и со ризик од инфекции, што претставува уште еден проблем, дури и самото гризнување да не предизвикало сериозна штета.

Иако рибата почесто е забележувана во водите на Грција, експертите споделуваат дека е поголем проблем за рибарите отколку туристите бидејќи им ги уништува мрежите.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Се разведе од познат актер, тврди дека ѝ се додворуваат политичари - Што знаеме за водителката Бојан... „После разводот не бев толку позната, па полесно им беше да флертуваат. Ми носеа...
Маја Оџаклиевска за внукот со аутизам: „Лука (16) е сместен во дом со 300 лица со попреченост, цело ... „Не е оштетено само детето, туку целото семејство е оштетено. Замислете кога мој...
Била мажена кога се запознале, 42 години имаа среќен брак - Љубовната приказна на Габи Новак и Арсен... „Таа имаше живот пред мене, а имав и јас. Но, еден ден сфатив дека ми е предодре...
Ќерката на Гоца Тржан порасна – позира разголена со новиот дечко фудбалер, тој ја бакнува кај мајка ... Гоца Тржан откри дека ја носела ќерката со себе на свои настапи уште кога била б...
Цеца Ражнатовиќ за бившиот дечко: „Ми рече да се преселиме во помал стан – трошоците за куќата ми би... „Вели - многу ти се големи трошоците за одржување на куќата, да се преселиме во ...
Јелена Карлеуша по долго време заедно со татко ѝ, кој ја напуштил додека била мала - Во каков однос ... Драган, таткото на Карлеуша има уште две деца, а Јелена нив никогаш не ги спомну...

Најчитани неделава