Жена била касната од отровната „риба-зајак“ во Пефкохори: „Влегов во водата и почувствував силна, неподнослива болка“

Жена во Грција била касната од таканаречената отровна риба пуфер позната и како „риба-зајак“, но поминала со полесна повреда. Оваа риба е отровна само ако се јаде, но поради острите заби и силната вилица, може да предизвика сериозни повреди.

zhena-bila-kasnata-od-otrovnata-riba-zajak-vo-pefkohori-vlegov-vo-vodata-i-pochuvstvuvav-silna-nepodnosliva-bolka-01.jpg

Оваа сезона во водите на Грција е забележан зголемен број на таканаречената отровна риба пуфер, народски позната и како „риба-зајак“.

Каснувањето од рибата не предизвикува труење, но таа има многу силна вилица и остри заби, поради кои и го добила името „риба-зајак“, и може да предизвика сериозна повреда.

Рибата е отровна доколку се јаде, па за туристите најголема опасност е каснувањето.

Минатата недела туристка била касната од оваа риба додека се бањала на плажа во Пефкохори.

zhena-bila-kasnata-od-otrovnata-riba-zajak-vo-pefkohori-vlegov-vo-vodata-i-pochuvstvuvav-silna-nepodnosliva-bolka-04.JPG

Како што открива за грчката телевизија ANT1, жената била во близина на брегот – водата ѝ достигнувала едвај до колената.

Вели дека како што влегла во морето, почувствувала силна, неподнослива болка на долниот дел од ногата.

„Реков ’нешто ме гризна и не ме пушта‘ и погледнав надолу и видов огромна риба.

Знаев како изгледа рибата зајак бидејќи бев информирана. Веднаш сфатив дека е таква риба, испаничив и почнав да ја тресам ногата силно, за да ме пушти, бидејќи не сакаше.

Истрчав од водата во шок и почнав да плачам“.

zhena-bila-kasnata-od-otrovnata-riba-zajak-vo-pefkohori-vlegov-vo-vodata-i-pochuvstvuvav-silna-nepodnosliva-bolka-05.JPG

Додека да излезе од водата, рибата ја пуштила, а вели дека имала среќа бидејќи повредата можела да биде многу посериозна.

Рибата ја гризнала на глуждот, а коската ја спречила да загриза подлабоко и да ѝ нанесе посериозна, па дури и трајна штета.

Сепак, рибата оставила голема рана, па на жената ѝ била пружена помош на плажата, а веднаш потоа била пренесена во најблиската болница.

Лекарите ѝ ја санирале раната, ѝ препишале антибиотици, а ѝ дале и вакцина против тетанус.

Жената додава дека е потполно сигурна дека е касната од риба-зајак, а и според раната на ногата било јасно дека повредата е од овој вид.

„Нема шанси да било нешто друго бидејќи јасно ја видов рибата и знам многу добро како изгледа“, додава жената.

zhena-bila-kasnata-od-otrovnata-riba-zajak-vo-pefkohori-vlegov-vo-vodata-i-pochuvstvuvav-silna-nepodnosliva-bolka-03.JPG

Иако искуството на жената звучи страшно, експертите велат дека овие риби се поголема опасност за рибарите и другите риби, отколку за туристите.

Генерално, не напаѓаат ако не се вознемирувани, но биле забележани ситуации кога рибите биле привлечени од светкави предмети, како накит. Бидејќи мислеле дека се храна, се случувало да нападнат.

Но, треба да се нагласи дека во повеќето напади, туристите всушност пробувале да ги хранат рибите, па инциденти како со жената во Пефкохори се многу, многу ретки.

zhena-bila-kasnata-od-otrovnata-riba-zajak-vo-pefkohori-vlegov-vo-vodata-i-pochuvstvuvav-silna-nepodnosliva-bolka-02.JPG

Бидејќи оваа риба е инвазивна и нема свои природни предатори, грчкото Министерство за агрикултура минатата недела сподели дека ќе им плаќа и по 5,33 евра на професионалните рибари за еден килограм од оваа риба.

Целта на оваа програма е да се заштити морскиот екосистем.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Може да одгриза прст – Колку е опасна отровната пуфер риба која почна да се појавува во Грција? Во водите на Грција периодов е забележан зголемен број на таканаречената отровна...
Хрватска пејачка со апел: „Жената не треба да му биде роб на мажот, и на децата - нема мама е мама, ... „Јас самата сум си секогаш приоритет. Ако сум ненаспана, нервозна или уморна, то...
Била мажена кога се запознале, 42 години имаа среќен брак - Љубовната приказна на Габи Новак и Арсен... „Таа имаше живот пред мене, а имав и јас. Но, еден ден сфатив дека ми е предодре...
Островот Крит како сцена од апокалиптичен филм: Портокалово небо и прашина поради песочна бура од Са... Поради песочна бура од Сахара, вчера островот Крит беше покриен со прашина, а по...
Ќерката на Гоца Тржан порасна – позира разголена со новиот дечко фудбалер, тој ја бакнува кај мајка ... Гоца Тржан откри дека ја носела ќерката со себе на свои настапи уште кога била б...
„Се женам со Зорана за да ја обезбедам материјално, не сакам ќерка ѝ да ме вика тато“ - Саша Ковачев... „Знам дека на секоја жена ѝ е сон да се омажи и тоа е, една од причините што вле...

Најчитани неделава