„Убив две деца зашто поранешниот го бараше тоа, иако веќе им имаше дадено имиња“ - Нина Мориќ за скандалозниот брак
Во документарецот и Корона зборува на истата тема, но неговиот коментар е постуден и тој не го доживеал абортусот на бебињата болно како неговата тогашна сопруга.
„Тоа е рана што таа ја носи со себе. Јас не“, вели тој и објаснува дека ја убедил Нина да ја прекине бременоста бидејќи во тој момент не се чувствувал подготвен да биде татко, пред сè од финансиска страна.

Според него, ова било повод за неговата опсесија со парите и успехот.
„Од тој ден почнав да заработувам огромни суми за да не се најдам никогаш повеќе во таква ситуација“, рекол тој.

Документарецот се осврнува и на почетокот на нивната врска, опишувајќи ја како страсна љубов крунисана со брак и постојано медиумско внимание.
Но, зад романтичната фасада, од денешен аспект се гледа студената страна во нивниот однос, а Мориќ вели дека Корона ја гледал првенствено како „производ, машина за пари“ и дека на негово убедување потпишала договор во кој му дала целосна контрола врз нејзината кариера.
Инаку, парот има син, Карлос Марија, кој е нејзина најголема поддршка денес.

Погледнете ја најавата за документарецот:
А. Ј. | Црнобело
