Синот на Доналд Трамп на чуден начин објави дека се свршил – татко му ја тапна по рамо девојката за да го прегрне (видео)

Синот на Доналд Трамп од бракот со Ивана, со чуден и непријатен говор во Белата куќа објави дека се свршил со манекенка, со која започнал врска лани додека бил свршен со друга девојка – татко му уште почудно ја поттурна снаата по рамо за да го прегрне идниот сопруг, па таа засрамено го допре.

sinot-na-donald-tramp-na-chuden-nachin-objavi-deka-se-svrshil-tatko-mu-ja-tapna-po-ramo-devojkata-za-da-go-pregrne-video-01.jpg

Во семејството на Доналд Трамп изгледа како никогаш да нема крај на драмите, кои секогаш се уловени на снимки за цела јавност да биде сведок.

Последното случување исто така предизвика низа реакции и коментари, кога неговиот син од бракот со Ивана, Доналд Џон Трамп Јуниор (47), во Белата куќа на говорница објави дека се свршил со својата девојка Бетина Андерсон.

Многумина неговиот начин на соопштување го доживеаја како чуден и непријатен, прво затоа што нема потреба да биде официјално објавен во Белата куќа, но и заради неговиот избор на зборови.

„Обично не останувам без зборови, но ова е малку поразлично. Сакам да ѝ заблагодарам на Бетина за тој еден збор – ДА.

Знаете, кога си клекнат, се обидуваш да прашаш, но не си сигурен што ќе биде одговорот...

Секогаш е малку незгодно, но таа кажа ДА, па тоа е големата победа за годината“.

sinot-na-donald-tramp-na-chuden-nachin-objavi-deka-se-svrshil-tatko-mu-ja-tapna-po-ramo-devojkata-za-da-go-pregrne-video-03.jpg

Но, освен тоа што призна дека не бил сигурен дали ќе го прифати предлогот, татко му, направи уште понепријатен потег.

sinot-na-donald-tramp-na-chuden-nachin-objavi-deka-se-svrshil-tatko-mu-ja-tapna-po-ramo-devojkata-za-da-go-pregrne-video-02.jpg

Во моментот кога син му ја објави свршувачката, тој ја потапка снаата по рамо, сугерирајќи ѝ со поглед да покаже нежност кон идниот сопруг, па таа засрамено само го допре по рака.

Погледнете го видеото:

Инаку, Доналд Џон Трамп Јуниор, познат како Дон Јуниор, е американски бизнисмен и активист и најстариот син на претседателот на САД, кој го има од бракот со Ивана.

Тој е прилично искусен во полето на веридбите, бидејќи ова му е најмалку третпат.

Претходно бил во брак со Ванеса Трамп, со која има 5 деца, а кога ја започнал врската со сегашната свршеница, бил свршен со друга девојка.

Повеќе фотографии од неговата свршеница:

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Го остави сопругот милијардер бидејќи се дружеше со педофил: Каде е денес Мелинда Гејтс? Мелинда Гејтс има релативно скромно потекло и самата успеа за изгради име за себ...
Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
Се огласи девојката која беше најдена со скршени раце и нозе во Дубаи: „Ме нападнаа богаташи, ми се ... „Во собата имаше алкохол и дрога и ме тераа да им се придружам. Им реков дека не...
„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...
„Се вљубив во воин од племе во Кенија – ги оставив сопругот и децата за него, но направив огромна гр... Додека била на одмор во Кенија, жена од Англија се вљубила во воин од племето Ма...
Меланија му ставала креми со кавијар кога бил дете, има свое богатство од 150 милиони долари - Како ... Барон никогаш не носел тренерки, дури ни како дете, туку од мал сакал да се обле...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg