Го остави сопругот милијардер бидејќи се дружеше со педофил: Каде е денес Мелинда Гејтс?
- Детали
- недела, 17 мај 2026
Мелинда Гејтс има релативно скромно потекло и самата успеа за изгради име за себе. Иако можеби се прослави како сопруга на Бил Гејтс, факт е дека самата има постигнато многу. А, без двоумење го остави сопругот, па и го осуди поради неговото пријателство со педофилот Џефри Епстин.

Некогаш сопруга на најбогатиот човек на планетата, Мелинда Гејтс успеа да изгради име за себе и по разводот од Бил доживеа вистинска трансформација.
Многумина ја фалат за нејзината скромност, но и дарежливост и сметаат дека е многу поразлична од повеќето ултрабогати луѓе.
Добивала многу награди и признанија, особено за нејзината филантропска работа, а последниве неколку години успеа да го засени и поранешниот сопруг.
Детали од животот на Мелинда Гејтс:
Имала сосема обично и скромно детство
Иако денес е меѓу најбогатите жени во светот, Мелинда имала релативно просечно и скромно детство.
Таа има изјавено дека имало ситуации и кога немале пари.
„Парите им создава загиженост на моите родители и овие проблеми покажуваа дали јас таа година ќе добијам нов пар чевли“.
Скромното детство ја натерало Мелинда да ги воспита и своите деца да ги ценат парите.
„Нашите деца имаа џепарлак, нема шанси туку-така да им купуваме што ќе посакаат“, сподели во една пригода.
Родителите на Мелинда сметале дека образованието е особено важно, па уште од најрана возраст ѝ кажувале дека одењето на факултет ќе биде задолжително.
И нејзиниот студентски живот бил просечен
Мелинда има изјавено дека додека студирала на универзитетот Duke, сретнала многу пријатели со кои е блиска до денес.
Открива и дека имала типичен студентски живот како и сите студенти на информатика. По дипломирањето се запишала на магистерски студии.
Се вработил во Microsoft веднаш откако магистрирала
Додека одела на магистерски студии, Мелинда Гејтс добила понуда за работа од IBM.
Но, истовремено имала закажано интервју за во Microsoft, а токму менаџерот од IBM ја советувал да ја прифати позицијата.
