„Ќе се венчам сама со себе по развод и неколку неуспешни врски – си купив и свршенички прстен“

„Кога им кажав на блиските, мислеа дека сум полудела, што беше очекувано. Но, штом им објаснив, сфатија дека ова е најискреното нето што сум го направила“, раскажува 38-годишна Британка која по тежок развод и низа пропаднати врски одлучила да се венча сама со себе на Ибица.

kje-se-vencham-sama-so-sebe-po-razvod-i-nekolku-neuspeshni-vrski-si-kupiv-i-svrshenichki-prsten-01.jpg

Од разни причини, многу луѓе одлучуваат да останат сингл и воопшто не сакаат брак или семејство.

И, сè додека се среќни со својата одлука, нема ништо лошо во тоа.

Но, некои луѓе одат во крајности, како Британката Бони Локет која решила дури и да се венча самата со себе бидејќи била „разочарана од мажи“.

За Daily Mail, Бони вели дека за себе си купила свршенички прстен за кој одвоила над 20.000 долари, а свадбата ќе се одржи на Ибица.

po-razvod-i-nekolku-neuspeshni-vrski-kje-se-vencham-sama-so-sebe-si-kupiv-i-svrshenichki-prsten-03.JPG

Бони зад себе има еден брак, а на „венчавката“ со себе, која ќе се одржи на 29-ти мај, вели дека ќе ја носела истата венчаница.

„Се најдов во положба каде на 38 години сум разочарана од многу мажи. Има многу жени како мене кои биле разочарани од мажи и остаруваат без да добијат деца.

Нашиот биолошки часовник отчукува, а ние ниту сме во брак, ниту имаме сериозна врска. Сами сме. Па, си реков штом ќе бидам сама, тогаш ќе го одбележам тоа.

Јас самата не можам да се разочарам. Овој брак не може да заврши со развод“.

po-razvod-i-nekolku-neuspeshni-vrski-kje-se-vencham-sama-so-sebe-si-kupiv-i-svrshenichki-prsten-02.JPG

Иако Бони вели дека го прави вистинскиот избор, признава дека нејзините блиски сепак биле скептични, барем на почетокот.

„На почетокот мислеа дека сум полудела, што беше очекувано. Но, штом им објаснив, сфатија дека ова е најискреното нешто што сум го направила“.

po-razvod-i-nekolku-neuspeshni-vrski-kje-se-vencham-sama-so-sebe-si-kupiv-i-svrshenichki-prsten-07.JPG

Бони вели дека одлучила да се венча самата со себе по низа врски кои ѝ го скршиле срцето.

Таа раскажува за нејзин поранешен партнер со кој била 11 години во врска. Откако се венчале, издржале само девет месеци пред да се разделат.

„Искрено не знам како го преживеав тоа. Ми се сруши целиот свет и бев оставена сама на себе“.

po-razvod-i-nekolku-neuspeshni-vrski-kje-se-vencham-sama-so-sebe-si-kupiv-i-svrshenichki-prsten-05.JPG

По разводот, Бони се преселила на Ибица со нов партнер, но вели дека се соочила со истата ситуација.

Тие веќе планирале да купат и заедничка куќа, но се разделиле.

Па, на Бони ѝ останало да избере дали ќе се врати во родната Англија или ќе остане сама во туѓа држава.

„Денес имам 38 години и сама живеам во странство, во куќа што ја купив за мене и за мојот бивш партнер.

Но, искрено, никогаш не сум се чувствувала подобро. Доволна сум си за себе и сум горда на себе“.

po-razvod-i-nekolku-neuspeshni-vrski-kje-se-vencham-sama-so-sebe-si-kupiv-i-svrshenichki-prsten-04.JPG

Бони вели дека е свесна колку бизарно звучи тоа што сака да се венча со себе, но додава дека со ова си покажува почит кон себеси.

Исто така, вели дека сепак не се откажува ни од љубовта.

„Се немам откажано од љубовта, туку само целосно ги променив правилата. Нема да се разведам од себе за никој. Ако некој дојде во мојот живот, нема да ме замени мене, туку ќе ми се придружи.

И, ќе треба да исполни многу повисоки стандарди од порано. Не се откажувам до врските, туку само веќе одбивам да бидам во лоша врска“.

po-razvod-i-nekolku-neuspeshni-vrski-kje-se-vencham-sama-so-sebe-si-kupiv-i-svrshenichki-prsten-06.JPG

Што мислите вие за идејата на Бони да се венча сама со себе?

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
8 години беше љубовница на оженет маж со три деца, па му роди ќерка - Бурниот љубовен живот на Лаура... Иако важи за една од миленичките на италијанската музичка сцена, жена која е и п...
Потресни сведоштва од терористичкиот напад во Сиднеј: „Стрелаа и кон деца, беше вистински масакр“ „Прво мислев дека мажот носи патерици, ми беше жал за него. Но, тогаш ја извади ...
Синот на Доналд Трамп на чуден начин објави дека се свршил – татко му ја тапна по рамо девојката за ... Синот на Доналд Трамп од бракот со Ивана, со чуден и непријатен говор во Белата ...
Се огласи девојката која беше најдена со скршени раце и нозе во Дубаи: „Ме нападнаа богаташи, ми се ... „Во собата имаше алкохол и дрога и ме тераа да им се придружам. Им реков дека не...
„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...

Најчитани неделава