Го остави сопругот милијардер бидејќи се дружеше со педофил: Каде е денес Мелинда Гејтс?
Тогаш компанијата на Бил Гејтс била стартап, но било јасно дека ќе стигнат далеку и Мелинда одлучила да почне да работи таму.
Се двоумела за врската со Бил Гејтс
На почетокот, Мелинда не сакала премногу да се зближува со Бил Гејтс бидејќи сепак работеле заедно.
Истовремено, таа сакала да се докаже во компанијата и сметала дека врската со Бил може да ѝ ја уништи репутацијата.
Но, сепак, Бил лесно ја освоил бидејќи, како што има изјавено самата, бил навистина добра личност со големо срце.
Врската станала сериозна, па во 1994 година, Бил и Мелинда се венчаа на Хаваи.
Заедно тие добија три деца – ќерките Џенифер и Фиби, како и синот Рори.
Со Бил основаа фондација
Инспирирани од патување во Африка, во 2000 година, Бил и Мелинда ја основаа нивната фондација со цел да им помогнат на помалку среќните.
„За време на нашето патување во Источна Африка, првпат се соочив со екстремна сиромаштија. Ова искуство ми ги отвори очите и ми го скрши срцето“, има изјавено Мелинда.
Низ годините, преку фондацијата тие се бореа против сиромаштијата, здравствената криза и нееднаквоста во Африка, но и во целиот свет.
Во фондацијата вложуваа милијарди, но, за жал, откако се разведоа, Мелинда ја напушти.
Се разведе од Бил наводно поради афера, но и неговото познанство со Епстин
Во 2021-ва, по 27 години брак, Бил и Мелинда соопштија дека се разведуваат.
Се шпекулираше дека причина за разводот е афера на Бил, но кога случајот со Епстин излезе на виделина, дел од јавноста почна да верува дека се разделиле поради педофилот.
Имено, Бил Гејтс и Џефри Епстин беа познаници, а милијардерот се појавува на низа фотки од документите со случајот.
Притоа, Мелинда и јавно се огласи за целиот случај, што дополнително ги поттикна шпекулациите дека била свесна што прави Бил.
Таа сподели дека жали за она што го претрпеле жртвите на педофилот, но и дека е среќна што сега била настрана од тие луѓе.
Мелинда продолжи со филантропската работа, вклучена е во низа организации и вели дека продолжува да го користи своето богатство за доброто на човештвото.
Спирова С. | Црнобело
