„Нашиот брак е скршен“: Бил и Мелинда Гејтс се разведуваат – немаат предбрачен договор, децата нема да добијат ништо

После 27 години брак, Бил и Мелинда Гејтс ѝ соопштија на јавноста дека се разведуваат. Не е позната точната причина за оваа одлука, според изворите разводот најверојатно ќе помине мирно, а парот нема направено предбрачен договор и веројатно ќе го делат богатството на половина. Сепак, тие ќе продолжат да соработуваат за нивната заедничка фондација.

nashiot-brak-e-skrshen-bil-i-melinda-gejts-se-razveduvaat-nemaat-predbrachen-dogovor-nivnite-deca-nema-da-dobijat-nishto-01_630x330.jpg

На нивните Твитер профили, 64-годишниот Бил Гејтс и 56-годишната Мелинда изјавија дека се разведуваат. Тие не ја открија точната причина за нивниот развод, но наводно во барањето за развод го опишале нивниот брак како „скршен“.

„После многу размислување и многу работа на нашата врска, донесовме одлука да му ставиме крај на нашиот брак. Изминаиве 27 години одгледавме три неверојатни деца и изградивме фондација која работи низ целиот свет за да им овозможи на луѓето да водат здрави и продуктивни животи. Ќе продолжиме да ги делиме нашите верувања за таа мисија и ќе ја продолжиме заедничката работа во фондацијата, но сметаме дека не можеме да созреваме како пар во следната фаза од нашите животи. Бараме простор и приватност за нашето семејство како што почнуваме да го живееме овој нов живот“, пишува во нивните објави.

Не е познато кога точно парот поднел барање за развод, а немаат потпишано ни предбрачен договор. Според изворите, Мелинда не барала никаква финансиска поддршка од Бил, кој денес е четвртиот најбогат човек во светот и најверојатно разводот ќе помине мирно, без судење.

nashiot-brak-e-skrshen-bil-i-melinda-gejts-se-razveduvaat-nemaat-predbrachen-dogovor-nivnite-deca-nema-da-dobijat-nishto-04.jpg

Сепак, тие имале направено некаков договор во случај да се разделат, кој е фокусиран на нивните деца и според кој, наводно, нивните деца нема да наследат ништо. Всушност, за парот е познато дека ги учи децата на скромност уште од најрана возраст и ги мотивира самите да си го пронајдат патот во животот.

Исто така, во овој договор било наведено и како ќе го поделат заедничкиот имот, но не се познати детали, освен претпоставки дека ќе го делат богатството од околу 130 милијарди долари на половина.

Бил и Мелинда се дел од The Giving Pledge – организација што ја сочинуваат најбогатите луѓе во светот кои се заколнале дека најмалку половина од нивното богатство ќе оди во добротворни цели.

nashiot-brak-e-skrshen-bil-i-melinda-gejts-se-razveduvaat-nemaat-predbrachen-dogovor-nivnite-deca-nema-da-dobijat-nishto-07.jpg

Во 2000 година тие заедно ја основаа фондацијата Бил и Мелинда Гејтс – моментално највлијателната приватна фондација преку која имаат донирано речиси 50 милијарди долари. Само за пандемијата, преку фондацијата тие донираа 1,75 милијарди долари и се фокусираа на развојот и дистрибуцијата на вакцини ширум светот.

Фондацијата генерално им помага на луѓето од некои од најсиромашните држави во светот со инвестиции за намалување на ширењето на маларија и ХИВ/СИДА, како и со инвестиции за изградба на системи за канализација во местата каде што нема. Според објавата на Твитер, тие ќе ја продолжат заедничката соработка во фондацијата.

nashiot-brak-e-skrshen-bil-i-melinda-gejts-se-razveduvaat-nemaat-predbrachen-dogovor-nivnite-deca-nema-da-dobijat-nishto-05.jpg

Бил и Мелинда се запознаа во 1987 година, кога Мелинда работеше во Microsoft. Мелинда откри и како изгледала целата ситуација во нејзината автобриографија од 2019-та:

„Доцнев на работа и на сите маси имаше луѓе освен на една. На таа маса имаше две столчиња едно до друго, па јас седнав на едното. Неколку минути подоцна пристигна и Бил, па седна на другото“.

Набрзо тие почнаа врска, а една година подоцна, Бил почнал да размислува за брак, па дури направил и листа од предности и недостатоци од стапувањето во брак.

„Се грижевме многу еден за друг и имаше само две можности: или ќе раскинеме, или ќе стапиме во брак“, изјави милијардерот во интервју за документарец за неговиот живот.

nashiot-brak-e-skrshen-bil-i-melinda-gejts-se-razveduvaat-nemaat-predbrachen-dogovor-nivnite-deca-nema-da-dobijat-nishto-06.jpg

Тие сфатиле дека бракот е вистинската одлука за нив, па се венчаа на еден хавајски остров во 1994 година. Две години подоцна го добија првото дете – ќерката Џенифер. Подоцна парот доби уште две деца, ќерката Фиби и синот Рори.

nashiot-brak-e-skrshen-bil-i-melinda-gejts-se-razveduvaat-nemaat-predbrachen-dogovor-nivnite-deca-nema-da-dobijat-nishto-02.jpg

Бил и Мелинда добро ја чуваат приватноста на нивните деца, а никогаш не откриваат детали ни за нивниот заеднички живот. Сепак, пред две години Мелинда откри дека неретко на Бил му е тешко да направи рамнотежа помеѓу работата и семејството.

„Веќе сме во периоди од нашите животи каде јас и Бил можеме да се смееме за повеќе нешта. А, верувајте ми дека имаше денови кога ни беше толку тешко во бракот, што се прашував дали можам да продолжам понатаму“, изјави таа.

Бил од друга страна, речиси и да нема споделено ништо во врска со бракот и во интервјуата обично зборува за професионалниот живот и филантропијата.

nashiot-brak-e-skrshen-bil-i-melinda-gejts-se-razveduvaat-nemaat-predbrachen-dogovor-nivnite-deca-nema-da-dobijat-nishto-03.jpg

Погледнете и Донирал над 38 милијарди долари во добротворни цели, децата нема да наследат речиси ништо - помалку познати факти за Бил Гејтс

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Брачен пар, кој не сака деца пред да го прошета светот, е мета на осуда: „Прво сакаме да уживаме во ... „Сакаме деца еден ден, но прво сакаме да уживаме во слободата. Не попуштаме под ...
„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
„Се борам да сврзам крај со крај за да купам храна за децата, но тоа не значи дека сум лоша мајка“ „Стигнав до касата и немав доволно пари за да платам. Луѓето почнаа да зјапаат в...
„Ангелот на смртта“ - Жена од САД отворила клиника за гладни деца во Уганда, ги лекувала без лиценца... Тврдејќи дека била испратена на мисија од Бог, Американката Рене отворила клиник...
„По 2 години повторно имаме секс со сопругот, но дознав дека тој флертува со 4 жени и фантазира за н... „Кога се соочив со сопругот, тој рече дека сум глупава, бидејќи сето тоа е само ...
Исповед на скијач кој 23 часа бил затрупан под лавина и преживеал: „Не сум верник, но таа вечер се м... „Знаев дека не смеам да се предадам. Дека не смеам да заспијам, затоа што тоа ќе...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg