Донирал над 38 милијарди долари во добротворни цели, децата нема да наследат речиси ништо - помалку познати факти за Бил Гејтс

Повеќето луѓе не знаат речиси ништо за Бил Гејтс, освен дека е основач на Microsoft и еден од најбогатите луѓе на планетата.

doniral-83-milijardi-dolari-vo-dobrotovrni-celi-decata-nema-da-nasledat-rechisi-nishto-pomalku-poznati-fakti-za-bil-gejts-01.jpg

Но, Гејтс е многу интересна личност и навистина се обидува да го направи светот подобро место за живеење.

Преку фондацијата што ја основа со сопругата Мелинда, Бил Гејтс троши милиони, ако не и милијарди, само за добротворни цели – нешто што многу богаташи не го прават.

Во продолжение можете да погледнете неколку факти за Бил Гејтс со кои подобро ќе го запознаете:

1. Бил Гејтс е роден на 28 октомври 1955. Тој има две сестри – Кристи и Либи, а неговите родители биле доста успешни луѓе.

2. Тој почнал да учи програмирање на само 13 години, а на 18 се запишал на Harvard. Но, само една година подоцна се откажал од студиите за да ја основа Microsoft, заедно со неговиот пријател Пол Ален. Компанијата брзо напредувала, па првиот важен договор го потпишале кога Бил имал само 21 година. Една деценија подоцна, кога Бил имаше 31 година, тој стана најмладиот милијардер во светот. После 8 години, Бил стана и најбогатиот човек на светот, и стоеше на врвот од 1995 до 2007.

3. Според Forbes, богатството на Бил Гејтс во 2020 изнесува 98 милијарди долари и моментално тој е вториот најбогат човек, веднаш зад основачот на Amazon, Џеф Безос.

4. Бил е во брак со Мелинда Гејтс, со која се венча во 1994 година и со која има три деца. Пред да ја започнат врската, Мелинда била менаџер за маркетинг во Microsoft.

doniral-83-milijardi-dolari-vo-dobrotovrni-celi-decata-nema-da-nasledat-rechisi-nishto-pomalku-poznati-fakti-za-bil-gejts-02.jpg

5. Милијардерот поседува многу недвижнини, а моментално со семејството живее во куќа во Вашингтон која чини 80 милиони. Истовремено, Бил има и приватен остров, чија вредност се проценува наоколу 25 милиони.

6. Бил Гејтс е љубител на уметноста и може да се пофали со импресивна колекција уметнички дела, за која се верува дека чини 130 милиони. Неговата колекција има дела од најпознатите уметници, вклучувајќи го и Леонардо да Винчи.

7. Гејтс не е само еден од најбогатите луѓе во светот – тој е и дарежлив филантроп. Само преку фондацијата што ја основа со Мелинда, тој има дадено над 38 милијарди долари во добротворни цели. Преку фондацијата, Бил и Мелинда им помагаат на луѓето од најсиромашните краеви во светот.

8. Бил има изјавено дека воопшто не знае да готви. Во младоста, кога ја почнал кариерата, воглавно „преживувал“ од брза храна, па никогаш немал можност да научи да готви.

doniral-83-milijardi-dolari-vo-dobrotovrni-celi-decata-nema-da-nasledat-rechisi-nishto-pomalku-poznati-fakti-za-bil-gejts-03.jpg

9. Вo младоста, Гејтс бил толку внесен во работата што често и заборавал да јаде. Во едно интервју изјави дека толку бил зафатен, што инстант напитоците за растварање, не ги растворал во вода, туку само го лижел прашокот.

10. Повторно во неговата младост, Бил Гејтс воопшто не слушал музика и не гледал телевизија – ова траело цели 5 години.

„Звучи лудо, но навистина го правев тоа, бидејќи ми го одвлекуваше вниманието од софтверот“.

11. Во 1979, кога почнал да заработува многу пари, Бил најпрво го исплатил кредитот за неговата куќа. Набрзо потоа си купил автомобил Porsche 911. Како што вели самиот, тој период, кога сакал да размислува насамо, седнувал во автомобилот и возел со огромна брзина.

12. Бил Гејтс признава дека на почетокот, бил многу строг кон вработените во Microsoft. Всушност, тој вели дека бил ужасен шеф и тамошната работна средина била многу стресна. Милијардерот има изјавено дека многу често обрнувал внимание кој останува најдолго во канцеларија:

„Им ги запомнив регистарските таблички на сите вработени. Гледав кон паркингот и можев да видам кој кога доаѓа и си оди“.

doniral-83-milijardi-dolari-vo-dobrotovrni-celi-decata-nema-da-nasledat-rechisi-nishto-pomalku-poznati-fakti-za-bil-gejts-04.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Жените си ги разменувале со пријателите, јаделе супа од крв: Факти за Чукчите Мажите оделе кај своите пријатели за да си ги разменат жените, децата се сметале...
2 пати ќе загинел со неговиот авион, почина од рак на панкреасот – Факти за Патрик Свејзи 10 години се борел со алкохолизмот, пушел по 60 цигари дневно и двапати за малку...
Му била прва братучетка, не можела да му прости што зел втора жена – Факти за првата сопруга на Сада... За првата сопруга на Садам Хусеин некои велат дека била подеднакво сурова како н...
Факти за единствениот жив син на Гризелда Бланко: Ја мрази серијата, има бизнис за марихуана Кратко пред премиерата на серијата Griselda, Мајкл Корлеоне Бланко, синот на так...
Брат му загинал во Виетнам, татко му бил алкохоличар – (вистински) факти за Чак Норис Таткото на Чак Норис бил алкохоличар кој под дејство на алкохол прегазил и убил ...
Се родила додека мајка ѝ била во затвор - Факти за Лејтон Мистер Актерката Лејтон Мистер која се прослави со Gossip Girl не открива многу за прив...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg