Продавал маички по пазари, сомнежи дека син му го убил: Кој е основачот на Mango (и како загина)?
Исак Андик го основал познатиот моден бренд Mango во 1980-тите и го претвори во компанија вредна милијарди. Загина во 2024-та, откако паднал од карпа, но сега надлежните се сомневаат дека неговиот најстар син бил вмешан во трагедијата.

Денес Mango е меѓу најпознатите брендови во светот, со продавници во над 120 земји ширум светот.
Mango е глобален бренд и важи за една од најуспешните модни компании кои потекнуваат од Шпанија.
И, сето ова е благодарение на основачот Исак Андик кој со помош на брат му Нахман го создал брендот кој денес вреди милијарди долари.
Тој почина во 2024 година, како еден од најбогатите луѓе во Шпанија.
Што знаеме за неговиот живот?
Роден во Истанбул во 1953 година, Исак и неговото семејство се преселиле во Барселона додека тој бил дете.
Уште во тинејџерските години, Исак размислувал како да основа свој бизнис.
Најпрво продавал облека на пазарите во Барселона и ова искуство му помогнало да го научи пазарот.
Со брат му Нахман почнале да продаваат рачно везени маици и кломпи, а кога продажбата им се зголемила, успеале и да отворат продавница.
Под името Isak Јеans имале продавници во Мадрид и Барселона, но успевале да продаваат и преку други продавници.
Бидејќи добро го разбирал пазарот, Исак успеал да го разработи брендот, па решил да почне да увезува облека од Турција – неговата родна земја.
Облеката што ја увезувал брзо привлекла внимание кај Шпанците поради квалитетот, но и уникатните дизајни и до 1980-тите, веќе станала препознатлива.
Па, во 1984 година, Исак ја основал Mango, продавница за облека која „ги исполнува потребите на модерните урбани жени“.
Првата Mango продавница била отворена во Барселона и за помалку од една деценија, се прошириле низ цела Шпанија, па и во Португалија.
До крајот на 1990-тите, Mango имала продавници во повеќето европски престолнини, а потоа почнале да се прошируваат и на азискиот пазар.
Бидејќи будно ја следел побарувачката на пазарот, Исак го направил Mango мошне флексибилен бренд, кој ги задоволува вкусовите на купувачите од разни култури во светот.
Во раните 2000-ти, отворил и онлајн продавница, станувајќи еден од првите модни брендови кои нудат продажба преку интернет.
