Роден е од афера со стјуардеса, не може да го наследи тронот - Кој е вонбрачниот син на принцот Алберт од Монако?
„Мојот татко ме призна кога бев бебе, и тоа беше доброволно - не поради тоа што судот или медиумите кои го натерале да го стори тоа“ - кажал Александар, помалото од двете вонбрачни деца на Алберт од Монако.

Од неговата баба Грејс Кели го наследил талентот за глума, а ако не знаете кој е, на прво гледање никогаш нема да претпоставите дека неговиот татко е Алберт, принцот од Монако.
Принцот Алберт II од Монако има две вонбрачни деца, а еден од нив е Александар Грималди Кости.
Иако е роден вонбрачно и нема право на тронот, Александар отсекогаш бил близок со своето семејство.

Тој ужива посебно внимание и има голема поддршка од своите родители, но и од роднините со кралска крв.
Мајката на Александар, Никол Кости, е француска стјуардеса која принцот Алберт ја запознал во 1997 година.
Тие имале долга афера, која резултирала со раѓањето на Александар шест години подоцна.

Никол и денес одржува добри односи со кралското семејство, а синот го одгледала со голема поддршка на принцот Алберт.
Александар е близок со својот татко и редовно поминува време со него.
Тој е во добри односи и со сопругата на неговиот татко, принцезата Шарлин, која го смета момчето за дел од поширокото кралско семејство.
Тоа што не е законски наследник не им пречи за да го канат Александар да учествува на бројните семејни собири и прослави - ова е уште еден доказ дека неговото семејство го прифаќа и поддржува.

Што друго знаеме за вонбрачниот син на принцот Алберт?
Кон крајот на 2002 година, Никол го информирала Алберт дека е бремена, а во тоа време биле во врска пет години.
Таа го родила синот на 24 август 2003 година во Париз.
Алберт ја поддржувал Никол на секој начин, вклучително и со финансиска помош, но официјално го признал детето за свое во 2005 година, два месеца пред да седне на тронот на Монако.

