Позитива на денот: Полицајци чуваат детенце накиснато од дожд, за мајката доставувач да ја направи испорака
- Детали
- петок, 12 септември 2025
„Врне силно, а јас морам да доставам храна. Може ли да го оставам син ми тука на кратко?“, прашува мајка во полициска станица, за да го засолни синот од дождот додека таа завршува со работа. Видеото ги топи срцата.

На социјалните мрежи се споделува видео што го топи срцето.
Жена, која работи како доставувач со велисипед, и нејзиното синче бараат засолниште во полициска станица во Хинин, Кина, откако накиснале на силен дожд, за време на една од нејзините испораки.

Мајката, сакајќи да го заштити детето, го остава во станица, велејќи му да ја почека таму на безбедно, за таа да може да ја заврши својата достава.
„Врне силно, а јас морам да доставам храна. Може ли да го оставам син ми тука на кратко?“, ги прашува таа.

Потоа, додека го остава детето на едно од столчињата во чекалната, му вели дека ќе се врати за брзо.
Полицајците со златно срце сфаќаат дека момчето е мокро, па му даваат сува облека, додека му ја сушат маичката.

Откако дете заспива, полицајката нежно го зема во рацете и го чува додека да дојде мајката.
„Душичке, разбуди се“, вели мајката кога се враќа во станицата по завршената достава, а потоа им се извинува на полицајците што ги измачила.

Погледнете го виралното видео:
А. Ј. | Црнобело
