Елитата плаќа и до 300.000 евра за бегство од Дубаи – зошто инфлуенсерите тврдат дека сè е во ред?
Иако властите од Емиратите велат дека успешно ги спречуваат поголемиот број напади кон Дубаи, она што инфлуенсерите го пласираат на социјалните мрежи не е целата вистина.
Наводно, инфлуенсерите не се осмелувале да зборуваат отворено поради страв од депортација, па и затворска казна.
За Daily Mail, се огласи и инфлуенсер кој моментално е во Дубаи.
„Луѓето се плашат да кажат што било негативно. Инфлуенсерите кои имаат многу следбеници знаат дека се надгледувани.
Многу од нив сметаат дека се предупредени да не шират паника онлајн“.
Ако некој ја критикува власта во Обединетите Арапски Емирати, ако шири гласини за надлежните или ја наруши репутацијата на земјата на каков било начин, може да се соочи со парична казна од над 200.000 евра, но и да добие петгодишна казна затвор, по што ќе следи депортација.
Поради ова, некои извори велат дека инфлуенсерите се плашат дека ако кажат нешто лошо, како на пример дека не се чувствуваат безбедно, може да ја нарушат репутацијата на Дубаи и да се соочат со казна.
Има и инфлуенсери кои успеале да побегнат од Дубаи, но во објавите се заблагодаруваат на надлежните што им помогнале.
Во меѓувреме, надлежните од Дубаи апелираа да не се шират лажи вести, истакнувајќи дека некои луѓе споделувале фотографии и видеа од стари настани и инциденти, со цел да ја нарушат репутацијата на градот.
Па, изјавија дека ќе бидат преземени мерки кон оние што ќе продолжат да ги споделуваат ваквите содржини.
Дубаи не е во урнатини, но јавноста смета дека она што го прикажуваат инфлуенсерите сепак не е целосната вистина и дека луѓето само сакаат да се евакуираат што е можно побрзо.
Спирова С. | Црнобело
