Инфекција на градите, нос со некроза: Морничавата вистина зад „живите барбики“

Инфекции по лошо изведени операции, отоци поради филери во непроверени клиники – таканаречените „живи барбики“ буквално си го ризикуваат животот поради опсесијата да изгледаат како познатата кукла.

infekcija-na-gradite-nos-so-nekroza-mornichavata-vistina-zad-zhivite-barbiki-01.jpg

Пластичните операции се попопуларни од кога било и додека некои прават само минимални корекции, постојат луѓе кои одат до крајности.

Од 2012 година, почнаа да се прославуваат и таканаречените „живи барбики“ – жени кои прават толку многу корекции и операции, што повеќе личат на кукла, отколку на човек.

Но, ова одење до екстреми не е без ризици и дел од најпознатите „живи барбики“ навистина си го имаат загрозено животот.

Морничавата вистина зад нивните трансформации:

Алисија Амира

Инфлуенсерката Алисија Амира има изјавено дека потрошила над 250.000 долари за да изгледа како жива барбика. А, се соочила со проблеми уште по првата операција.

Алисија првпат ги зголемила градите во 2016-та, но по операцијата добила опасна инфекција.

Се изборила со инфекцијата, по што била советувана да стави помали импланти, но наместо тоа, таа сакала да отстрани дел од ребрата и да го зголеми задникот.

infekcija-na-gradite-nos-so-nekroza-mornichavata-vistina-zad-zhivite-barbiki-03.JPG

Потоа уште еднаш ги зголемила градите, а направила и операции на челото, очите, носот и усните.

Операциите не ѝ биле доволни, па дополнително почнала да става и филери.

Иако вели дека веќе ѝ е тешко да најде козметичар кој се нафаќа да ѝ ги прави процедурите, не планира да се откаже.

infekcija-na-gradite-nos-so-nekroza-mornichavata-vistina-zad-zhivite-barbiki-02.JPG

Кери Мајлс

Кери Мајлс потрошила речиси 300.000 долари за да се трансформира во жива барбика, а изминатите десет години има направено две операции на носот, две операции на градите и редовно користи филери на лицето.

Бидејќи било јасно дека е опседната, нејзиниот хирург веќе одбивал да ѝ прави пластични операции.

И Кери имала инцидент со процедура – во 2016 година ставила филер кај непроверен козметичар.

infekcija-na-gradite-nos-so-nekroza-mornichavata-vistina-zad-zhivite-barbiki-05.JPG

Покрај големиот оток, чувствувала болка, а не можела ни да ја движи усната.

Кога отишла на лекар, ѝ кажале дека филерот што ѝ бил инјектиран бил измешан со некакво масло, па оттаму реакцијата.

Сепак, овој инцидент не ја одвратил од намерата да продолжи со операции и процедури, а вели дека се надева дека нејзината ќерка ќе ги следи нејзините стапки.

infekcija-na-gradite-nos-so-nekroza-mornichavata-vistina-zad-zhivite-barbiki-04.JPG

Џесика Алвес

Џесика, која е трансродова личност и пред пет години со промени полот, е меѓу најпознатите „живи барбики“.

Пред да го промени полот, сакаше да изглед како „жив Кен“, но сега главната цел ѝ е да личи на Барби.

Таа има ставено импланти на градите и задникот, има направено 12 операции на носот, а отстранила и четири ребра за да има потенка половина.

infekcija-na-gradite-nos-so-nekroza-mornichavata-vistina-zad-zhivite-barbiki09.JPG

Од една операција на носот, Џесика речиси го загубила животот.

Таа отишла во Иран за да ја направи операцијата, а околу две недели подоцна, носот ѝ се вцрвил.

Веднаш отишла на лекар каде што ѝ кажале дека има некроза, односно ткивото на носот почнало да умира поради инфекција.

Лекарите ја спасиле и ја предупредиле да престане, но Џесика оттогаш има направено уште неколку операции.

infekcija-na-gradite-nos-so-nekroza-mornichavata-vistina-zad-zhivite-barbiki-07.JPG

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
„Зависна сум од солариум – ми се појавија чудни израстоци на кожата, но сепак одам секој ден“ Млада Британка за себе вели дека е зависна од солариум и оди секој ден по 30 мин...
Во љубов е со милионер една глава понизок од неа - Зошто врската на манекенката Викторија Силвстед ј... Актерката, модел, пејачка и поранешна Плејбој зајачица, Викторија Силвстед (51),...
„Се вљубив во воин од племе во Кенија – ги оставив сопругот и децата за него, но направив огромна гр... Додека била на одмор во Кенија, жена од Англија се вљубила во воин од племето Ма...
Позитива на денот: Полицајци чуваат детенце накиснато од дожд, за мајката доставувач да ја направи и... „Врне силно, а јас морам да доставам храна. Може ли да го оставам син ми тука на...
Се огласи девојката која беше најдена со скршени раце и нозе во Дубаи: „Ме нападнаа богаташи, ми се ... „Во собата имаше алкохол и дрога и ме тераа да им се придружам. Им реков дека не...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg