Братот на Немања Гудељ се смири со бившата девојка, по наводната врска со атрактивна српска пејачка (фото)
- Детали
- вторник, 17 март 2026
Папарацо фотографите го уловија со атрактивната пејачка Ема Радојко, но тој не ја потврди врската. Сега, се смири со бившата девојка и направи романтичен гест за прекрасната анонимна бринета. Инаку, Драги е многу близок со Анастасија, сопругата на неговиот брат Немања.

Фудбалерот Драгиша (Драги) Гудељ повторно го привлече вниманието на јавноста откако на социјалните мрежи објави фотографија со својата поранешна девојка, со која повторно се смирил.

Прочитајте и Драгиша Гудељ имаше срцев застој – Успеа сам да го напушти теренот, благодарение на апаратот што му е вграден
По врската со младата пејачка Ема Радујко, се чини дека Гудељ сепак решил да ѝ се врати на старата љубов.


Драги сега објави нејзина фотографија, на која таа е дотерана, во романтичен амбиент, а за неа фудбалерот подготвил и изненадување.
„Денес цвеќето е нејзино. Но, благословот е мој. Те сакам“, напиша Драги Гудељ.

Иако пејачката Ема Радујко и фудбалерот Драги Гудељ никогаш официјално не ја потврдија својата врска, српските папарацо фотографи во една пригода ги уловија заедно.


Ема Радујко во едно гостување во емисијата „Амиџи шоу“, зборуваше за односот со Гудељ.
Таа изјави:
„Видов, пишуваат медиумите. Мене ми е убаво кога веќе ме поврзуваат со некого, барем да ме поврзуваат со добар фраер.
Драги, неговото семејство и Анастасија ми се многу драги.

