Теодора Џехверовиќ со исповед за првата операција на 16 години, a бившиот ja покажа новата девојка на одмор
- Детали
- недела, 14 јуни 2026
Сите уште ја помнат врската на Теодора и кошаркарот Нино Челебиќ, но тој продолжи понатаму, а пејачката уште е сингл, барем пред очите на јавноста така се претставува. Фокусирана е на себе, а сега откри какви естетски зафати си има направено.

Teoдора Џехверовиќ важи за една од најатрактивните пејачки на овие простори и никогаш не криела што сè коригирала на себе.
Покрај градите, кои ги оперирала пред неколку години, малкумина знаат дека имала уште една естетска операција многу пред да стане позната, за што сега јавно проговори.

Теодора искрено вели:
„Секогаш отворено сум зборувала за тоа што сум правела на себе.
Мислам дека во ништо не сум претерала и дека навистина беа минимални корекциите.

На 16 години ги оперирав ушите, бидејќи имав изразени (клемпави) уши.

Во 2019 година ги оперирав градите, а усните последен пат ги коригирав пред две години.

Признавам дека многу се променив до денес, но едноставно мислам дека процесот на созревање и развој кај секого е различен.

Порано беа популарни поинаква шминка, фризури, телесна тежина и слично. Кој верува – верува“.
